Економија
Средба Ангеловска-Бежоска – Бас: Дигитализацијата начин за враќање на економијата во позитивната зона

Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата се одговорот за побрзо надминување на последиците што пандемијата ѝ ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и советникот за политички прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјата, Џерек Бас.
Користењето на придобивките од дигитализацијата, усвојувањето нови производи и процеси, му овозможуваат на приватниот сектор побргу да одговори на потребите што ги наметнува новата состојба. Оттаму, вложувањето во новите технологии, со паралелно инвестирање во човечкиот потенцијал – подобрување на квалификациите и креирање нови вештини, се начин за враќање на економиите во позитивната зона, а потоа и на патеката на одржлив економски раст, беше посочено на средбата.
На состанокот гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на ефектите од пандемијата врз домашната економија, која минатата година забележа пад од 4,5 %, слично на просечниот пад во земјите од регионот. Притоа таа посочи дека без интервенцијата на монетарната и фискалната политика, падот на економската активност веројатно би бил поголем. Во однос на централната банка, беше укажано дека уште од почетокот на кризата монетарната политика беше релаксирана, а воедно беа преземени мерки со кои се овозможи регулаторна флексибилност и привремено олеснување на финансискиот товар на приватниот сектор. Ваквите мерки озвозможија зголемување на ликвидноста во економијата, полесен пристап до финансирање и поддршка на економската активност. Беше посочено дека кредитната активност континуирано расте, а воедно се намалува и цената на кредитирањето. Овие движења на кредитниот пазар се поддржани и од стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, што се огледа од неговите добри перформанси и ниската стапка на нефункционални кредити.
Во вакви околности, како и во услови на подобрување на епидемиолошката состојба и стабилизирање на довербата, беше констатирано дека домашната економија постепено закрепнува. Во првата половина од годината остварен е раст на домашниот бруто-производ од 5,2 %, што речиси се совпаѓа со проекциите на Народната банка за овој период (5,4 %).
Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашањето за инфлацијата, при што беше истакнато дека во глобални рамки се забележува забрзување на инфлацијата под влијание на растот на цените на примарните производи и привремени фактори предузвикани од пандемијата. Стабилизирање на растот на цените се очекува веќе во текот на следната година, а движењата постојано и внимателно се следат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот