Топ
Агент за недвижности од Скопје зел капар за станови, а парите си ги ставал в џеб

Полицијата поднесе кривична пријава против агент за недвижности од Скопје, кој зал капар за продажба на станови во изградба, но земениот капар не го уплаќал во агенцијата во која е вработен.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против О. С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело измама.
Тој е осомничен дека во временскиот период јули – септември 2020 како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје ги довел во заблуда И. К. и С. А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен.
Извршувајќи ги овие дела О. С. стекнал сротивправна имотна корист од приближно 110.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ве чекам во 20 часот, на плочникот кај Градски ѕид“, Герасимовски повика на концерт

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика сите скопјани, вечерва да бидат дел од културната манифестација „Центарска симфонија“ што ќе се одржи на плочникот кај Градски ѕид (Клуб на новинари, зади Соборниот храм) со почеток во 20:00 часот.
Александар Тарабунов и камерниот оркестар вечерва ќе ги интерпретираат најпознатите мелодии од македонската и светската кинематографија, специјално аранжирани во ново, симфониско руво. Меѓу нив се и култните музики од „Исправи се Делфина“, „До Балчак“, како и новата песна на музичката ѕвезда Тарабунов „Заедно“, која за првпат ќе биде изведена со камерен оркестар.
„Оваа вечер ја посветуваме на музиката која нè обединува, Центар повторно станува сцена на културното доживување. Повелете сите, со пријателите, со семејствата, заедно да уживаме во спојот на класичното и модерното, на звуците што раскажуваат приказни. Музиката е најубавиот начин да се сплотиме, Ве поканувам на добра музика и убава летна саботна вечер. Ве чекам во 20 часот, на плочникот кај Градски ѕид“, вели Герасимовски.
Влезот е слободен за сите граѓани. Настанот е во организација на Општина Центар, во партнерство со МГ Мјузик продукција.
Свет
Голем видовденски протест вечерва во Белград, студентите се огласија за ненадлежни за она што ќе се случува по 21 часот

Денес, кога Србија празнуива Видовден, студентите кои седум месеци протестираат, најавија голем протест во Белград. Собирот ќе почне во 18 часот и ќе трае три часа, а најголема енигма е што ќе се случува потоа, бидејќи студентите порачаа дека не се надлежни за ништо по 21 часот, објави Нова.рс.
Студентите пред неколку дена објавија дека ако Владата не ги исполни нивните два барања, најавена е и граѓанска непослушност.
Првото барање е распуштање на Народното собрание, со цел да се распишат предвремени парламентарни избори до 21 часот денес, а второто барање е Владата да апелира до Министерството за внатрешни работи до 21:00 часот на 28 јуни, во согласност со член 18 од Законот за јавни собири, кој се однесува на чл. 8 од истиот Закон, да се прекине наводно пријавениот собир во Пионирскиот парк и плоштадот Никола Пашиќ.
Македонија
Три реформски закони за администрацијата ја поминаа првата фаза

Собранието даде поддршка на предлог законот за вработените во јавниот сектор, предлог на законот за административни службеници и на предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање и ги проследи во натамошна собраниска процедура.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев посочи дека пакетот реформски закони за администрацијата се во согласност со Стратегијата за реформи на јавната администрација, Акцискиот план на Министерството за јавна администрација и со Роковникот за европската агенда.
„Овие закони во минатиот период долго беа во европските извештаи и се надевам дека конечно дојдовме до крајот и дека пратениците ќе ги изгласаат“ – рече Минчев.
Според него, со предлог законот за вработените во јавниот сектор се поставуават темелите за професионализација на јавниот сектор. Ќе се овозможи секој конкурс да биде јавен, а институциите ќе бидат обврзани на целосна транспарентност.
Селекцијата ќе се врши низ три јасни доверливи фази: администратина проверка, тестирање и интервју со кандидатот, врз основа на криетриуми.
„Ќе се вработува врз основа на заслуги, а не на познанства“– истакна Минчев.
Тој најави централизација и дигитализација на огласите и посочи дека секој оглас за вработување ќе биде објавен на веб страницата на Агенцијата за администрација.
„Борбата против партизацијата е еден од главните фундаменти. Со јасни ограничувања на дискрециските овластувања и со строги правила, го прекинуваме просторот за партиски и за неформални вработувања во јавниот сектор. Се воведува нова специјализирана категорија за ИТ кадарот со повисоки плати и современи услови за работа, се поедноставуваат плановите за вработување и за систематизација, за мобилност за јавните службеници и за унапредување засновано на услуги. Ќе има и увид во привремените вработувања” – наведе министерот Минчев.
Во предлог законот за административни службеници, пак, е предвидено да се воведе систем на вработувања со електронски тестови и со практични проверки,. Агенцијата за аминистрацијата како интегрален дел од Министерството за јавна администрација ќе гарантира фер и транспарентен, дигитализиран избор, односно процес кој ќе се снима.
Предвидено е и задржување на младите таленти со хибриден и далечински модел на работа, подржан со менторство.
Со законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, меѓу останатото, треба да се овозможи усовршување, што ќе направи учењето да биде задолжително и континуирано. Обучувачи ќе бидат искусни административци со финансиска награда.
Пратениците го изгласаа и Законот за инспекциски надзор, со кој се укинува Инспекцискиот совет, а се формира колегиум на директори на државни инспекторати како меѓуресорско координативно работно тело.
Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на реализацијата на реформската агенда во согласност со европските стандарди и приоритети.