Спорт
Бензема поради „случајот Валбуена“ го пропушта Ел класико
Карим Бензема, најдобриот играч на реал и првиот стрелец во Примера, би можел да го пропушти првото Ел класико, што ќе се одигра на 24.октомври.
Бензема, во периодот од 20. до 22.октомври ќе излезе пред судот во Франција, поради „случајот Валбуена“.
Напаѓачот е обвинет дека бил врската помеѓу луѓето што го уценувале Валбуена со секс-снимка. Тие бараа одредена сума на пари за да не ја објават снимката во јавноста.
Уценувачите биле другари на Бензема, поради што тој прифатил да го убеди тогашниот соиграч од репрезентацијата, да им ја исплати бараната сума.
Бензема мора некој ден порано да биде во Франција, што значи дека ќе ги пропушти тренинзите пред натпреварот со Барселона.
Шпанските медиуми тврдат дека Бензема сигурно нема да игра во Ел класико.
Барселона ќе го пречека Реал во терминот од 16.15 часот, на 24.октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Нигеријците одбија да патуваат на натпреварот со Алжир
Репрезентативците на Нигерија, блескаат на Африкански куп на нации и, како што играа досега, се меѓу првите фаворити за титулата заедно со домаќинот Мароко.
„Супер орлите“ одлетаа во четвртфиналето со четири последователни победи, три во групата, а потоа и убедливи 4:0 на почетокот од нокаут фазата, против Мозамбик.
Сепак, кога требаше да заминат од Фез за Маракеш, Виктор Осимен, Адемола Лукман, Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Самуел Чуквезе и други изјавија дека не одат никаде додека Фудбалската асоцијација не ги исплати бонусите за победите во првиот дел од турнирот.
„Играчите и тренерскиот штаб на нигериската репрезентација сè уште чекаат на исплатата на бонусот за АКН 2025. Бонусите за победите во четирите натпревари – против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик – сè уште не се исплатени. Тимот е сè уште фокусиран, но нема да тренира ниту да патува во Маракеш во четврток доколку ова прашање не се реши“, објавува новинарот на порталот „Nigeria Stories“.
Научени од претходните искуства, дека на играчите никогаш не им се исплаќаат бонуси откако тимот ќе се врати од турнирот, Нигеријците поставија ултиматум – или исплата на бонусите или нема да го играат натпреварот со Алжир, на 10 јануари во 17 часот.
Дотогаш има доволно време претседателот на Федерацијата, Ибрахим Муса Гусау и неговите соработници да ги измират своите обврски кон репрезентативцие.
Спорт
Гендузи се сели во Фенербахче
Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче.
Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година.
Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај.
Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.
Спорт
Капитенот ќе остане во Милан
Мајк Мањан ќе остане во Милан и наскоро ќе го стави својот потпис на новиот договор со италијанскиот клуб.
Францускиот голман влезе во последната година од договорот и сè се очекуваше да ги напушти „росонерите“ како слободен агент на крајот од сезоната.
Сепак, раководството на Милан успеа да го убеди да остане, а според новиот договор, тој ќе заработува 7.000.000 евра годишно, што значи дека заедно со Рафа Леао ќе биде најплатениот играч на „Сан Сиро“.
Според „Газета дело Спорт“, Макс Алегри одиграл клучна улога во задржувањето на искусниот голман во клубот.
Да ве потсетиме дека Мењан беше блиску до преселба во Челзи ова лето, тој се договори за сè со „сините“, но клубовите не се согласија за обештетувањето.

