Спорт
Реал најмногу троши за плати, Барса има помал буџет од Сосиедад и Билбао

Буџетот за плати што го има Барселона оваа сезона, четири пати е помал од минатосезонскиот. За разлика од Барслеона, реал својот буџет го зголемил за 50 отсто. Според буџетот за плати Барселона се наоѓа на седмото место во Примера.
Лимитот на Барселона за платите, минатата сезона изнесуваше 347.000.000 евра, оваа е помал три и пол пати, изнесува 97.000.000 евра. Претседателот Џоан Лапорта значително ги намали платите, а клубот остана и без двајцата најплатени, Лионел Меси и Антоан Гризман.
За разлика од Барселона, Реал го зголеми буџетот, од 473.000.000 на 738.000.000 евра. На второто место е Севилја, чии буџет од 183.000.000 евра, сега изнесува точно 200.000.000 евра.
Атлетико ги намали трошоците, за 40.000.000 евра. Актуелниот шампион на Шпанија е трет на листата со 171.000.000 евра.
Следуваат Виљареал (159.000.000), Реал Сосиедад (127.000.000), Атлетик Билбао (111.000.000) и Барселона.
? Noticia @partidazocope
? Informa @isaacfouto
? Límites salariales de la temporada 2021/2022 que @LaLiga hará públicos mañana
? El @FCBarcelona pasa del 2º al 7º (97M€)
? El @RealMadrid se dispara a los 739M€
? El @ValenciaCF, último (30M€)
? #PartidazoCOPE pic.twitter.com/Qm04Ibrg8v
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) September 28, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА