Македонија
Арсовска: Ароганцијата не му дозволува на Шилегов да погледне подалеку

Проектите што се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кои се соочуваат сите скопјани. И тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години, вели кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, откога опонентот Петре Шилегов денеска посочи дека нејзините идеи за градскиот превоз служат за потсмев на социјалните мрежи.
„Мрзливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. Четири години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзливост, незнаење и фалбаџиство“, вели Арсовска.
Според неа, на Скопје му треба менаџер, а не политичар.
„На градот му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој што секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за нив“, порача Арсовска, која трди дека проектот за бесплатен јавен превоз нема да значи загуби за ЈСП.
„Вакви проекти има во многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град, со добро менаџирање на средствата ќе имаме ефикасни решенија“, истакнува таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.