Контакт

Црна хроника

Царината заплени повеќе фалсификувани стоки

Објавено пред

Царинската управ и информира дека при спроведување на редовни контроли на граничните премини и внатрешноста минатите неколку дена, царинските службеници спречија неколку обид на нелегално внесување стока која постои сомневање дека претставува фалсификат на заштитена трговска марка

dobivaj vesti na viber

Имено, при преглед на разна стока за доработка со потекло од Европската Унија, превезувана во товарно моторно возило со црногорски регистарски таблички, а пријавена за увозно царинење вчера (09.12.2009г.) на царинската испостава Штип, царинските службеници констатирале дека покрај пријавената има и непријавена стока и тоа: 1.779.48 метри квадратни памучна и синтетичка ткаенина, во вкупна тежина од 1.934,65 килограми и 997,11 килограми помошен материјал (конци, копчиња, додатоци) чијашто вкупна вредност изнесува  4.032.242,00 денари. При тоа, направен е обид за избегнување на плаќање на увозни давачки од околу 1.334.000,00 денари. Непријавената стока е привремено задржана ,а против превозникот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок во Царинската управа на Република Македонија.Покрај тоа, при вршење на редовни контроли на граничните премини и во внатрешноста на државата во текот на вчерашниот ден (09.12.2009 година), царинските службеници од Одделението за оперативни работи,  привремено ја задржаа следната стока: 1.723 парчиња различна техничка стока, меѓу кои и 101 мобилен телефон, со лого на трговските марки Nokia и Samsung, 55 играчки – (playstation) со ознака на трговската марка Sony, додатна опрема (околу 600 мемориски картички за камери и апарати, 140 џојстици) и резервни делови за мобилни телефони (550 полначи, 240 батерии, 50 футроли), со лого на трговските марки Sony, Nokia, Samsung, Sony Ericsson, Motorola, I phone поради основано сомневање дека претставуваат фалсификат на заштитена трговска марка. Стоката која била наменета за пазарот во Република Македонија, привремено е задржана, а согласно одредбите од Законот за заштита на правата од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе  започне постапка за утврдување на нејзината оригиналност: 600 парчиња халогени сијалици и 500 парчиња филтри за бензин откриени при преглед на стока со кинеско потекло, пријавена за увозно царинење на царинската испостава Скопје 1013 од страна на фирма-увозник од Скопје. Непријавената стока е привремено одземена, а против фирмата-увозник ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија. 908 парчиња различни текстилни производи (пижами и блузи), откриени при контрола извршена на патот Куманово-Скопје во близина на Агино Село на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки управувано од лице со иницијали Б.Г од Крива Паланка, кое претходно било запрено од страна на припадници на Министерството за внатрешни работи. Возачот не поседувал никаква документација за платени увозни давачки и за потекло на стоката. Непријавената стока е привремено одземена а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија. При редовни контроли извршени на 6 и 7 декември 2009 година, царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат, спречиле неколку обиди за нелегално внесување на стока на територијата на Република Македонија. При тоа, привремено се задржани: 2 воздушни пушки “DIANA MOD 23” и “WEIHRAUCH HW 35”  со калибар 4,5, пронајдени при контрола на патничко моторно возило марка VW Passat  со австриски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин со иницијали К.З. Пушките биле прекршени и завиткани со самолеплива лента, завиткани во ветровка и сокриени во задниот дел од возилото. 30 пара тренерки,  со ознаки на фудбалски клуб Миравци и Еvetex и 30 дреса со ознаки Еvetex, откриени при преглед на кабината и товарниот дел на товарно моторно возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин со иницијали С.Н.     16 машки и женски козметички колекции (BOSS PURE, LACOSTE ESSENTIAL LACOSTE POUR FEMME), 5 тоалетни води за жени MUSTANG FRAGRANCES WOMAN и 3 запалки RONSON со висока вредност, откриени при претрес на патничко моторно возило  RENAULT LAGUNA со словенечки регистарски таблички управувано од лицето А.Б., државјанин на Република Словенија. Стоката била пронајдена во багажниот простор и во просторот зад совозачкото седиште (во картонски кутии прекриени со други лични предмети). Непријавената стока е привремено одземена, а против прекршителите ќе бидат поднесени  барања за поведување на прекршочна постапка до Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа на Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина

Објавено пред

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.

dobivaj vesti na viber

Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена

Објавено пред

Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.

dobivaj vesti na viber

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот

Објавено пред

Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице

Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост...

Македонија3 часа

Oбјавена листата на најмоќните пасоши за 2026 година: Македонија бележи напредок

Азиските земји продолжуваат да доминираат на рангирањето на најмоќните пасоши во светот, според најновиот извештај на „Henley Passport Index“. Сингапур...

Македонија3 часа

(Видео) Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и...

Македонија3 часа

За новогодишно украсување, општините дале 785 илјади евра – најмногу пари потрошила Општина Штип

За новогодишно украсување, општините потрошиле 785 илјади евра, а 78 отсто од вредноста е концентрирана кај една фирма. Ова го...

Македонија6 часа

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Свет7 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет8 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија8 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет16 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа16 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија20 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа20 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет21 час

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет21 час

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија21 час

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија23 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија1 ден

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија1 ден

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија1 ден

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...