Македонија
(Видео) Заев од Струмица: На 17 октомври овде ќе се случи ,,по СДСМ – СДСМ“ и „по Коста – Костадин”!
Немам дилема, Костадин Костадинов ќе биде новиот градоначалник на Струмица, а на чело со Марјан Даскаловски ќе го предводиме и новиот Совет во Општина Струмица, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на Караванот „Најдоброто за мојата општина“.
„Костадин, веќе ни е близок и до нас, го запознавме и како в.д. градоначалник и како портпарол на СДСМ, постојано е на терен, лесно достапен, приземјен, комуникативен, постапува, служи на граѓаните, човек од доверба, чесен, искрен, млад – а веќе домаќин. Тој покажа дека е човек од акција, работлив, вреден, подготвен – запознаен со проблемите, со јасен план и решенија за Најдоброто за струмичани и Струмица“, истакна Заев.
Тој додаде дека Костадин не ги дели луѓето по ниту еден основ – во нашата општина има граѓани од различни етнички и верски припадности и секој може да биде спокоен дека ќе биде еднакво почитуван, слушнат и разбран, без предрасуди и со посветеност, за потребите или идеите што ги има.
„Помеѓу градоначалникот и граѓаните не треба да има посредници или бариери, ќе воведеме дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со граѓаните, иницијативите од граѓаните ќе бидат прифатени и ќе се разгледуваат преку утврден систем, при што општините ќе бидат обврзани да одговорат на граѓанските иницијативи во рок до 10 дена“, нагласи Заев.
Претседателот Заев му се заблагодари на актуелниот градоначалник Коста Јаневски, но истакна дека СДСМ предводи во промените – дава шанса на младите, на новата енергија, на желбата и тие на свој, авангарден начин да се вградат во сегашноста и иднината на Република Северна Македонија.
„Повеќе од сигурно е – на 17 октомври ќе се случи „по СДСМ – СДСМ – по Коста – Костадин”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на Караванот „Најдоброто за мојата општина“ во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

