Црна хроника
Прободен ученик во ОУ„Емин Дураку“ – пукање во ОУ „Дрита“
Два инцидента во исто време во две основни училишта се случија утринава во скопско
Ученик од основното училиште „Емин Дураку“ од скопското село Буковиќ роден 1996 година утрово околу 10:30 часот прободел тринаестгодишен соученик од истото училиште. Го прободел со нож во раката и во стомакот, над левиот колк и избегал. Полицијата трага по напаѓачот. Двајцата ученици биле од село Семениште.Другиот инцидент се случил во основното училиште „Дрита“ во Сарај. Служител од училиштето пријавил дека наставник од друго училиште пукал кон него во дворот на училиштето пред учениците. Полицијата излегла на местото на инцидентот и пронашла две чаури. Двајцата имале претходни недоразбирања. Полицијата трага по напаѓачите.Од почетокот на годинава, инцидентите во училиштата се сè позачестени. Еден ученик смртно настрада при ваква тепачка во средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

