Македонија
Објавени се листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје
Министерството за образование и наука информира дека резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицираа за сместување во капацитетите во Скопје, се објавени.
Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука („ул. Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје), заклучно со 8 октомври 2021 година.
Листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4.10.2021 година.
Инаку, аплицирањето за сместување во студентски домови годинава за прв пат се спроведе електронски, со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а за оние кои немаа можност електронски да аплицираат, како опција на располагање беше и доставувањето на документацијата директно во студентскиот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

