Контакт

Култура

Целодневен Skopje Vinyl Convention во МКЦ

Објавено пред

Со почеток од 13 часот во МКЦ ќе започне петтиот по ред „Skopje Vinyl Convention“, во организација на Funky Fresh.

dobivaj vesti na viber

Настанот е инспириран и посветен на сите колекционери и љубители на винили. Има примарна цел да ги сплоти сите љубители и колекционери, а воедно и да им даде простор на локалните диџеи да ги покажат своите плочи и умешноста стекната изминатиов период.

Оваа година ќе има повеќе изложувачи и дилери и одлична музичка програма. Целодневната програма вклучува над 20 дилери на плочи од земјата и регионот, неколку премиери на нови винил изданија и настап на повеќе од 20 локални музичари.

Влезот е слободен. Настанот ќе се реализира согласно актуелниот протокол за организирање настани на отворен простор.

Култура

„Искра“ – концерт на Македонската филхармонија со виртуозот на виолина, Роман Симовиќ

Објавено пред

Македонската филхармонија го најавува концертот „Искра“ кој ќе се одржи на 16 мај (четврток) со почеток во 20 часот. Како солист, овој пат ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ, моментно концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар, Марински театар и Минхенската филхармонија.

dobivaj vesti na viber

Врвниот Симовиќ ќе го изведе Концертот за виолина и оркестар бр.1 од најзначајниот руски симфоничар Димитриј Шостакович, дело кое се смета за едно од неговите најдобри дела, а му го посветил на прочуениот Давид Ојстрах.

Оваа вечер, на програмата се и Адаџото од гудачки квинтет во F-dur од австрискиот музички гениј Антон Брукнер, како и Симфонијата бр. 5, оп. 55 во b-moll од Александар Глазунов наречена „Херојска“, опишана како „архитектонска поема“.

Маестро Даниел Рајскин (1970) е познат како предводник на младата генерација музичари, ставајќи голем акцент на неговите толкувања за музиката коишто ги прави на мошне транспарентен начин, откривајќи ја структурата на едно дело до сите детали, наоѓајќи го поттекстот, вистинската рамнотежа на звукот и енергијата што тоа ја поттикнува кај изведувачите.

Од 2005 година, Рајскин станува шеф-диригент на Рајнската филхармонија, а од 2008 на „Артур Рубинштајн“ – филхармонијата во полскиот град Лоѓ. Неговите ангажмани како гостин диригент се бројни, патувајќи низ Европа и Азија, вклучувајќи ги и Белградската филхармонија, Естонскиот национален оркестар, Хонгконг синфониета, Националниот оркестар во Латвија, „Моцартеум“ оркестарот во Салцбург, филхармониите на Копенхаген, на Прага, оркестарот на Радио-телевизијата во Даблин, Радио-симфонискиот оркестар на Чешка, Загрепската филхармонија, симфониските оркестри на Виена, Берлин итн. Познати се неговите ангажмани како диригент на опери, вклучувајќи ги и редовните настапи со „Кармен“ за холандската компанија „Opera Zuid“ во режија на Каликсто Биеито (2006/2007) или „Нос“ од Шостакович во Државниот театар во Кобленц (2010). Рајскин соработува со врвни уметнички имиња како Иво Погорелиќ, Џулијан Рахлин, Миша Мајски, Ланг Ланг, Мидори, Даниел Милер-Шот…

Еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ (1981), моментно е концерт-мајстор на реномираниот Лондонски симфониски оркестар, а во истовреме е ангажиран и како концерт-мајстор со Марински театар и со Минхенската филхармонија. Се издвојува од останатите виолинисти по неговата брилијантна виртуозност со неограничена имагинација. Заедно со неговиот вроден талент за музика, овие квалитети ќе го однесат Симовиќ на светските сцени, настапувајќи со врвни оркестри и диригенти. Наградите се уште една потврда за неговата исклучителна уметничка физиономија: Родолфо Липицер (Италија), Сион-Вале (Швајцарија), Јамполски виолинскиот натпревар (Русија), Хенри Виењавски (Полска), кои го сместија меѓу најзначајните виолинисти од неговата генерација. Како солист, настапувал со врвните ансамбли како што се Лондонскиот симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на театарот Марински од Русија, Камерниот оркестар „Франц Лист“ од Унгарија, Камерата Берн од Швајцарија, Камерата Салцбург од Австрија, Филхармонијата на Прага итн., со диригенти како што се Валери Гергиев, Антонио Папано, Даниел Хардинг, Џанандреја Носеда, Кристијан Јарви… Со семејството емигрирал од Украина во 1991 година, во најлошото време за овие простори, во време на војна, инфлација, ембарго. И самиот вели дека бил принуден да си замине и од Украина, каде што, исто така, ситуацијата била лоша. Студирал на Академијата во Цетиње, а со стипендијата којашто ја добил од државата заминал во Москва на постдипломски студии, кога почнала и неговата сериозна уметничка приказна. Вели дека Русија му го сменила животот и дека неговата професорка Марина Јашвили му наметнала нов начин на размислување на свирење на виолина.

Прикажи повеќе...

Култура

PMG JAZZ / SETH STAT на Тиранскиот џез фестивал

Објавено пред

Извонреден настап во Тирана на еден од етикетата PMG JAZZ, составот SETH STAT. Сето она што изминативе четириесет години го посеа во македонската култура, Оливер Белопета со неговата огромна и извонредна работа на Скопскиот џез фестивал, денес почнува да раѓа сериозни плодови.

dobivaj vesti na viber

Еден од нив е продукцијата PMG JAZZ и нејзините артисти. Вчеравечер на тиранската „Академија за уметност“ се одржа првата вечер од Тиранскиот џез фестивал, каде на прекрасен начин се претстави македонскиот состав SETH STAT.

„Во доцните вечерни часови овде во Тирана, нивната музика правеше хипнотични слики со мирис на скопските ноќи. На моменти потсетува како да е излезена од некој филм на Џармуш или Алмодовар. Нашите музичари настапија со една голема сигурност, модерност и светски начин. Ова беше големо изненадување за тиранската публика, која ги награди со аплаузи и внимание“, информираат од Македонскиот КИЦ во Тирана.

Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, најавува за недела, 12 мај 2024 на истиот фестивал, настап на нашиот новоформиран ,,Национален џез оркестар“.

Прикажи повеќе...

Култура

Вардан Toзија – најдобар режисер на фестивал во Јужна Америка

Објавено пред

Македонскиот режисер Вардан Тозија ја освои главната награда за Најдобра режија во интернационална конкуренција на најголемиот жанровски филмски фестивал во Јужна Америка, Fantaspoa. Fantaspoa, чие јубилејно 20-то издание се одржа во Порто Алегре, Бразил, е единствениот фестивал од Јужна Америка што е дел од престижната Мелиес – Европска Филмска Федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот.

dobivaj vesti na viber

Силвија Каминер, членка на интернационалното жири на Фантаспоа, го опиша филмот “М“ како “прекрасна и прогонувачка приказна. Тозија внесува нов живот во зомби жанрот, преку чудесен визуелен израз и исклучителна актерска изведба на двете мали ѕвезди“.

Филмот “М“ беше дел од интернационалната селекција, составена од 24 филмови од целиот свет, во најголем дел со свои светски и континентални премиери. По успехот на овој македонски филм, се очекува широка дистрибуција низ земјите на Јужна Америка.

Ова не е единствениот неодамнешен успех на “М“. На годинашното издание на еден од најстарите филмски фестивали во САД, World Fest Houston International Film Festival, македонскиот филм ја доби наградата “Златно Реми“ во огромна конкуренција од над 4000 филмови.

Фестивалот во Хјустон низ својата петдецениска историја, промовирал голем број на прославени филмски имиња на американската и меѓународната сцена. Во последните години, фестивалот има ревијален карактер, при што доделува бројни награди во десет одделни категории во рамките на светската кинематографија.

Вториот долгометражен филм на Вардар Тозија, „М“ е во продукција на „Фокус покус филмс“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија50 минути

МНР повика на внимателност од државните функционери: Со Грција развивме политички дијалог на високо ниво

Министерството за надворешни работи објави дека ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби како и...

Македонија50 минути

Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која се...

Свет2 часа

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар, Андреј Белоусов, чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет2 часа

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од речиси 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет2 часа

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет2 часа

Руското Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет2 часа

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет2 часа

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија14 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија17 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија18 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ18 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија19 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија20 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија21 час

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава22 часа

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет23 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет1 ден

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава1 ден

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија1 ден

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...