Црна хроника
Приведен криминалец од Батинци баран со потерница
Приведен 30-годишен жител на с.Батинци, баран со потерница.
Според информаиите од МВР, З.Н. бил фатен ноќеска од полициски службеници од САЕ Тигар во координација со АНБ, кај месноста Лавчани на територија на Велес.
Приведениот се барал со потерница поради основано сомнение за повеќе сторени кривични дела, меѓу кои две „обид за убиство“. Лицето ќе биде предадено на надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен маж од Неготино, ја вознемирувал поранешната партнерка
Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.
„Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.
Црна хроника
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
Вчера во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во двор од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, додека В.П.(66) од Скопје косел трева со импровизирана косилка, се здобил со струен удар и починал.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.
Црна хроника
Возач на трактор тешко повреден откако излетал од коловозот
Вчера во 08.45 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.