Македонија
Анкета на Стратум: За листите на СДСМ ќе гласаат 24.9%, а за ВМРО-ДПМНЕ 22.8%
Анкетата нарачана од „Макфакс“ во агенцијата Стратум Р&Д, покажа дека 24,9% од граѓаните би гласале за листите на СДСМ на локалните избори, а 22,8% за листите на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите, по СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ следи Независна листа со 12,9 %, а нема да излезат на гласање 12% од граѓаните. За ДУИ се определиле 10%, за Алијанса на Албанците 9,3% и други 1,7%.

На прашањето: Да претпоставиме дека утре ќе се одржуваат локални избори за која советничка листа би гласале на изборите?
Од оние кои изјавиле дека ќе гласаат, за СДСМ се определиле 28,2%, за ВМРО-ДПМНЕ 25,9 %, за Независна листа 14,7%, ДУИ 11,4%, Алијанса за Албанците 10,6 %, Левица 7,3%, Други 1,9%.

На прашањето: Според вас која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда?
За СДСМ се определиле 27,1%, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7%, за Независна листа 13,4%, за ДУИ 11%, за Алијанса на Албанците 10%, за Левица 6,5%, Други 4,7%, за ДОМ 2,6%.
Испитаниците се изјаснија дека најголем проблем кој треба да се решава е екологијата и чистиот воздух.
На прашањето: Дали може да неведете ургентни проблеми кои треба да се решат во општината за екологија, чистиот воздух и паркови се изјасниле 42,6%.

-Отворање нови работни места 40,3%
-Отворање градинки и училишта 37%
-Средување на паркинзи 35,4%
-Патна инфраструктура 33% -решавање на проблем со кучиња скитници 25%
-Средување на сообраќаен хаос 20%
-Разубавување на фасади 9%
-Отворање здравствени центри во рурални средини 8%
-Домови за стари лица 6%
-Друго 4%
Одлучувачки според анкетата за гласање за кандидатите на локалните избори најмногу ќе биде припадноста на политичка партија.
На прашањето: Kои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому ќе го дадете гласот, 28,2% истакнале дека е припадноста на политичката партија која го кандидира.

Како втор критериум се одредиле за професионалните достигнувања, односно 20,7%. Потоа следуваат:
-Придонес кон заедницата 11,4%
-Повторен мандат (искуство како градоначалник) 10,8%
-Успешно спроведени проекти 8,7%
-Лични преференци 6,3%
-Етничка припадност 5,4%
-Без политички багаж, нов во политиката 5,1%
-Коалиција на централно ниво (државно ниво) 3,3%
-Друго 0,1%
Испитаниците во најголем број се одредени да не го дадат својот глас доколку нема ниту еден успешен проект.

На прашањето: Кои се клучни критериуми според кои одлучувате на кому нема да му го дадете вашиот глас, тие одговориле:
-Нема ниеден успешно спорведен проект 20,5%
-Нема значајни професионални достигнувања 20,5%
-Повторен мандат (искуство како градоначалник) 13,9%
-Припадност на политичка партија 9,9%
-Не покажал придонес кон заедницата 9,6%
-Лични преференци 8,4%
-Нов во политиката (без искуство) 8,4%
-Етничка припадност 4,8%
-Коалиција на Централно ниво (државно ниво) 3,9%
На прашањето како би ја оцениле работата на актуелниот градоначалник во решавање на проблемите, со најниска оценка 2 се оценети активности за заштита на животната средина, социјалната заштита (инклузија на ранливи групи), култура, склучување на приватно јавни партнерства, менаџмент на отпад (ѓубре).

Образованието е со оценка 2,40, организација на сообраќајот 2,50 , Организација на паркинзи 2,70, Водовод и Канализација и Организација на јавен превоз со 3,10, изградба на патна мрежа во рурални средини и изградба на патна инфраструктура со оценка 3,40.
Во одредување на профилот на испитаниците, на прашањето дали се симпатизери на некоја политичка партија, 26,2 % одговориле дека се симпатизери на СДСМ.
Потоа следуваат:
Не сум на ниедна партија 24,7%
ВМРО-ДПМНЕ 24,1%
Независни 12%
Левица 11,7%

Од испитаниците, најголем број не се членови на политичка партија. На прашањето дали сте член на политичка партија:
49,15 % одговориле дека не се членови на ниту една политичка партија
19,9 % одговориле дека се членови на СДСМ
18,7% дека се членови на ВМРО-ДПМНЕ
5,7% друга
5,4% дека се членови на Левица
0,6% дека се членови на Алијанса на Албанците
0,6% дека се членови на ДУИ

Анкетата е направена телефонски, на примерок од 1000 испитаници во периодот од 25 до 30 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

