Македонија
Арсовска: Потребни ни се системски решенија – да го заштитиме Водно со закон
Заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на нови градби на парк шумата е едно од решенијата во програмата на независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска.
Таа денеска на прес конференција потенцираше дека Водно стана место каде наместо дрвја, почнаа да растат згради.
„Бевме сведоци како граѓаните го бранеа Водно со жив штит поради сечењето дрвја, се обидуваа да ја одбранат парк шумата, но никој од локалната управа не им помогна, напротив застанаа на другата страна. Ова не смее да биде нашата реалност. Градоначалникот мора да ги слуша барањата на жителите и да наоѓа решенија во нивен интерес. Затоа во мојата програма го имаме Водно, зелен штит, она што жителите го бараат. Време е за системски решенија“, изјави Арсовска.
Проектот предвидува прогласување на Водно за парк на природата не давајќи можност за дополнителни градби и целосна заштита на парк шумата којашто ќе има редовно пошумување како дел од проектот на пошумување на 100 000 квалитетни садници на автохтони видови дрвја годишно. Се планира доизградба на жичницата од Скопје до Средно Водно каде заедно со еколошкиот превоз ќе овозможи Водно да биде без автомобили. Зелен штит на градот како проект предвидува 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24 часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично. Во план е проектирање на нови велосипедски патеки, како и тракинг патеки за планинарење и поставување на мобилни единици за хигиена, туш, соблекувални при организацијата на рекреативни активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партијата Левица со Иницијатива во Град Скопје за чекор кон енергетска независност и крај на скапата струја
„Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори“, известуваат од Левица.
„Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја.
Наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.
Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи.
Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка.
Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија.
Затоа очекуваме мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи иницијативата ако навистина им е приоритет јавниот интерес. Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град.
Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност.
Левица ќе продолжи да предлага системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки“, се наведува во соопштението на Левица.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

