Спорт
Лема со победа на првиот полн маратон во Лондон по две години
Етиопјанецот Сисај Лема е победник на маратонот во Лондон со време од 2:04:01 откако успеа да се одвои од водечката група во финишот на еделната трка.
Лема, кој беше на подиумот минатата година, ја помина целта со 27 секунди предност пред Кениецот Винсент Кипчума, додека неговиот сонародник Мосинет Геремев беше трет, додека актуелниот шампион, Шура Китата беше само шести.
Во женската трка, Кенијката Џојсилин Џепкосгеи триумфираше во своето деби во Лондон со време од 2:17:43, седмо најдобро време во историјата. Етиопјанката Дегиту Азимерав беше втора пред Ашете Бекере.
Ова беше првиот полн маратон во Лондон по повеќе од две години поради пандемијата на КОВИД-19 со над 40.000 учесници на 42.2 километарската рута од Блекхит до Бакингемската палата, откако лани трката беше ограничена само за професионалците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тиаго Силва ги договорил условите со Флуминенсе
Фудбалерот на Челзи, Тиаго Силва ќе се врати во Флуминенсе, клуб во кој ја започна кариерата.
Силва неодамна објави дека ќе ги напушти „сините“ на крајот од сезоната, откако ќе му истече договорот.
Флуминенсе веќе усно се договорил со Силва.
Клубот има подготвено двегодишна соработка со Бразилецот, а истата треба да биде овековечена во следните неколку недели.
Силва за Челзи одигра 151 натпревар, постигна девет гола и забележа три асистенции.
Тој го освои и трофејот во Лигата на шампионите во 2021 година со клубот од Лондон. Го освои и Светското клупско првенство, како и Суперкупот на Европа.
Во исклучително богатата играчка кариера, Бразилецот пред Челзи настапуваше за Пари Сен Жермен, Милан, Флуминенсе, Хувентуд и Динамо Москва.
Спорт
(Видео) Арсенал не се откажува од шампионската трка
Фудбалерите на Арсенал го победија Борнмут со 3:0 во натпреварот од 36. коло на Премиер лигата.
Головите за „топчиите“ ги постигнаа Букајо Сака во 45. минута од пенал, Леандро Тросар во 70. и Деклан Рајс во седмата минута од судиското надополнување во вториот дел.
Арсенал доминираше во првото полувреме и постојано притискаш кон голот на гостите. Вп првите 30 минути блескаше голманот на Борнмут во првиот половина час беше голманот Марк Траверс, кој одбрани неколку тешки удари.
Во вториот дел Арсенал го зголеми притисокот кој резултираше со два гола.
На две кола до крајот на сезоната Арсенал има четири бода повеќе, од Манчестер сити кој до крајот на сезоната ќе одигра уште четири натпревари.
Спорт
Де Зерби останува во Брајтон
Италијанскиот тренер Роберто Де Зерби нема намера да го напушти Брајтон по завршувањето на сезоната.
Медиумите на Островот пренесуваат дека италијанскиот стручњак ја одбил понудата на Баерн да го наследи Томас Тухел.
Покрај тоа, неговото име во последните недели се поврзуваше со Челзи, Милан, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но се чини дека тој ќе остане на југот на Англија.
Тој најави дека ќе следат разговори со првиот човек на клубот Тони Блум.
„Ќе разговараме со Тони Блум. Мислам дека би сакал да останам во Брајтон, бидејќи ги сакам овие играчи. Овој град, клубот, навивачите. Реков на средбата со навивачите, ако сум среќен, не постои клуб што ќе ме натера да го емнам тимот“, вели Де Зерби.
Неговиот тим моментално е на 12. место во Премиер лигата