Македонија
Арсовска во Чаир: Ни поминаа годините во чекање на решавање на проблемите, се е можно да се реши брзо ако се има волја
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир и носителите на листи за советници од ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Ѓоко Велковски и Зуди Кока, денеска беа во посета на општината.
Непостоењето на атмосферска канализација доведува до чести поплави кога има интензивен дожд во Чаир. Нема поврзаност со градскиот водовод, се функционира како во средниот век – со септичка јама. Дури 70 семејства на еден потег во чаирското маало Гази Баба немаат фекална канализација, а дополнително во зимскиот период со денови немаат струја. Недостасува основната инфраструктура – проблемот со водоснабдување е најизразен кога е најпотребен, во летниот период. Проблем е и недоволниот број паркинг места, нема соодветно улично осветлување и не е решен проблемот со кучињата скитници. Ова се дел од поплаките на жителите од населбата Чаир искажани на средбата со Арсовска и претставниците од политичките партии кои дадоа поддршка на кандидатката за градоначалник на Скопје.
„Неподходно е реновирање на дел од училиштата, како и конечно завршување на асфалтирањето на улиците каде има најмногу сообраќај. Ни поминаа годините во чекање на решавање на проблемите. Се е можно да се реши брзо ако се има волја и јасен план”- истакна Арсовска.
За чаирчани, нивната општина што локациски е најблизу до центарот на главниот град никогаш не била позаборавена и подискриминирана од општинските власти.
“Наместо да се вложува во проекти што ќе ги мотивираат младите да се борат за подобар живот во главниот град и да останат во него, властите ги мотивираат со никакви решенија и проекти што не се реализираат, да заминат од државата што подалеку. Оваа општина стана одраз на корупцијата во Скопје, работа и подобар живот има само за роднините и пријателите на функционерите. Ние жителите, бараме итни видливи суштински промени,“ – ѝ посочија дел од жителите на Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

