Свет
(Видео) Приватен авион удри во деловна зграда во Милано – има загинати
Најмалку осум луѓе загинаа во авионска несреќа, што денеска се случи во италијанскиот грд Милно.
Несреќата се случила кога мал авион удрил во празна двокатна деловна зграда во предградието на Милано. Според медиумите, во авионот се наоѓало француско семејство, а меѓу жртвите има и едно дете.
Новинската агенција „Ла Прес“ претходно цитираше пожарникари од местото на несреќата дека пилотот и сите пет патници загинале, и дека нивната националност се уште не е позната, пренесе АП.
? #Milano, #aereo precipitato. Prosegue l’intervento dei #vigilidelfuoco. Da notizie assunte sarebbero state 8 le persone a bordo del velivolo, 2 membri d’equipaggio e 6 passeggeri [#3ottobre 15:15] pic.twitter.com/qngzPPDsyM
— Vigili del Fuoco (@emergenzavvf) October 3, 2021
Противпожарната служба немала информации дека некој друг загинал во авионската несреќа во близина на метро станицата Сан Донато, мал град во близина на Милано.
Сервисот додаде дека се запалени неколку автомобили на блискиот паркинг, но дека во нив немало никој, додава АП.
„Скај ТГ24“ наведува дека авионот летал од аеродромот Линате кон островот Сардинија.
Пожарникарите го изгаснаа пожарот во зградата што се реновираше.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Москва: Не постојат преговори со Вашингтон за Украина, само контакти
Секој мировен план за Украина ќе мора да ги елиминира корените на конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „Ројтерс“.
Тој посочи дека иако имало контакти со САД, во моментов нема преговори со Вашингтон за таков план.
Претходно денес, две лица запознаени со прашањето открија дека САД му сигнализирале на претседателот Володимир Зеленски дека Украина треба да прифати рамка подготвена од Вашингтон за завршување на војната со Русија, во која се предлага Киев да се откаже од територија и дел од оружјето.
„Аксиос“, кој прв објави за планот од 28 точки , објави дека Украина и Европа ќе добијат безбедносна гаранција од САД во замена за тоа Киев да ѝ отстапи делови од источна Украина на Русија кои моментално не се под контрола на Москва.
Песков појасни дека нема што да додаде на она што беше кажано на августовскиот самит во Анкориџ, Алјаска, меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот лидер Доналд Трамп.
„Не можеме да додадеме ништо ново на она што беше кажано во Анкориџ“, истакна тој, додавајќи дека нема формални консултации или преговори со САД за мировен план за Украина.
„ Како такви, консултациите во моментов не се во тек. Секако, има контакти, но нема процес што би можел да се нарече консултации “, објасни Песков.
На прашањето дали Путин бил информиран за „мировниот план од 28 точки“, Песков одговори: „Немам што да додадам на она што веќе го кажав“.
„Спогодбата мора да доведе до елиминирање на коренските причини за овој конфликт“, нагласи тој.
Путин ја претставува војната како пресвртница во односите на Москва со Западот, за кој вели дека ја понижил Русија по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година со проширување на НАТО и посегнување по она што тој го смета за сфера на влијание на Москва, вклучувајќи ги Украина и Грузија.
Рускиот лидер побара Украина да се откаже од својата амбиција да се приклучи на Алијансата, да се прогласи за неутрална земја и да ги ограничи своите вооружени сили.
Поранешниот американски претседател Џо Бајден, западноевропските лидери и Киев ја опишаа војната во Украина како грабеж на територија во империјален стил и постојано ветуваа дека ќе ги поразат руските сили.
Регион
Грција се соочува со тешка демографска криза, младите остануваат дома до 30 година
Грција се соочува со сериозна демографска криза, покажува студија на статистичката агенција Елстат. Младите најчесто остануваат да живеат со родителите сè до својата 30-та година, бидејќи ниските плати не им дозволуваат самостоен живот и основање семејство. Ова, според психолозите, има негативно влијание и врз социјалниот живот и врз желбата за создавање нови семејства.
Според податоците на Евростат, Грција е прва во Европа по бројот на млади кои доцна го напуштаат родителскиот дом. Во Бугарија, на пример, младите заминуваат во просек на 28 години, пренесува БНР.
Кризата со домувањето дополнително ја влошува ситуацијата, а иако владата покрива една месечна кирија годишно за младите семејства, ниските примања и несигурноста ја намалуваат желбата за деца. Во последните 13 години, во земјата се родени четвртина милион деца помалку во однос на пред две децении.
Опозициската СИРИЗА предупредува дека демографската криза не може да се реши без сеопфатна стратегија.
Регион
Обилни дождови поплавија патишта и продавници во делови од Грција
Обилните дождови во Грција ги поплавија патиштата и продавниците. Полицијата ги повикува возачите да возат внимателно.
Јужниот дел од земјата беше најмногу погоден, особено планинските региони Загори и Џумерка, каде што патиштата беа непроодни. Пожарникарите мораа да спасуваат патници од поплавените автомобили. Беше спроведена спасувачка операција за спасување на двајца земјоделци и нивните стада.
Полицијата затвори еден од патиштата до пристаништето Игуменица. Сè е во вода, соопштија пристанишните власти.
Островот Крф е силно погоден од поројни дождови. Патиштата се како реки, што го оневозможува движењето, се жалат жителите на островот.
Многу куќи на приземје, ресторани и продавници се поплавени.
За денес, прогнозите се дека лошото време ќе продолжи, опфаќајќи го поголемиот дел од земјата и егејските острови.
Властите издадоа предупредување за внимателност при возење во областите Солун, Патра и Крит.

