Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје
Од ЕВН Македонија АД информира дека утре (вторник) се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
Во периодот од 12:00 до 14:30 часот, корисниците на дел од ул.Востаничка, дел од ул.Св.наум Охридски,дел од ул.Баница (општина К.Вода);
Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од нас.лисиче, ул.Димитар Туриманџовски, нас.Лисиче, дел од ТЦ Лисиче, дел од ТЦ Лисичеоколу маркет Елида (општина Аеродром ),
Во периодот од 7:30 до 15:30 часот, корисниците од село Миладиновци, Дељадровци, Текија, ТС Петља Аеродром (улично осветлување на клучката Аеродром Петровец) (општина Илинден и општина Петровец)
Во периодот од 8:30 до 11:30 часот, корисниците од Бул.Кузман Јосифовски Питу, дел од ТЦ Скопјанка, Мезе Бар (општина Аеродром)
Во периодот од 7:00 до 11:00 часот, корисниците од ул.Иван Хаџиниколов, куќните броеви од 75-87 околу НЛБ Тутунска банка (општина К.Вода)
Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисниците од с.Долно Количани, с.Пагаруша, с.Вртекица, с.Рамни Габер (општина Студеничани), дел ос с.матка општина Сарај)
Во периодот од 9:45 до 14:45 часот, корисниците од ул.Скупи – потрошувачите кај Ратко Митровиќ (општина Карпош)
Во периодот од 8:00 до 12:00 часот, корисниците на дел од с.Шишево (општина Сарај)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

