Регион
Радев: Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права во Македонија

Во дијалогoт со Република Северна Македонија, Бугарија ги брани не само националните интереси туку, пред сѐ, вредностите на Европската Унија, кои се темелат на демократија и почитување на човековите права. Ова го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев, кој денеска одржал телефонски разговор со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, пренесуваат бугарските медиуми.
Разговорот го иницирал германскиот претседател во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, што ќе се одржи на 5 и 6 октомври во Словенија.
„Целиот регион ќе има корист од напредокот постигнат во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија“, истакнал Радев додавајќи дека Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права во Република Северна Македонија, што ќе го забрза овој процес.
„Во моментот во тек е попис на населението во Република Северна Македонија и во Бугарија има голем број сигнали за притисок врз луѓето што отворено го изјавуваат својот бугарски идентитет, што е неприфатливо за земја што аплицира за членство во ЕУ“, потенцирал Радев според соопштението од неговата прес-служба.
Радев исто така нагласил дека многуте декларации и ветувања дадени од државниот врв на Република Северна Македонија кон Бугарија во текот на годините остануваат неисполнети вклучувајќи го и договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.
„Затоа ние се залагаме за правно обврзувачки гаранции во билатералниот дијалог од страна на Република Северна Македонија“, додал бугарскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин