Регион
Вархеј: ЕУ да донесе одлуки за целосна интеграција на Западен Балкан
Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј изјави дека лидерите на ЕУ ќе ја потврдат својата посветеност за целосна интеграција на Западен Балкан во ЕУ на денешниот Самит со лидерите на Западен Балкан.
„Затоа, ние мора да преземеме одговорност и да донесеме одлуки што водат кон тоа, што значи отворање на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, отворање преговарачки групи со Србија, забрзување на работата со БиХ за да стане земја кандидат и визна либерализација за Косово”, рече тој.
На Самитот ќе се разговара и за поддршката за регионот во борбата против пандемијата со Ковид-19, а една од темите ќе биде и економското закрепнување по пандемијата, додаде Вархеј.
Тој изрази задоволство од почетокот на имплементацијата на економскиот и инвестициониот план за регионот, додавајќи дека истиот треба да поттикне забрзување на вистинската интеграција, интеграција на општествата и економиите на Западен Балкан во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.
Регион
(Видео) Дете висеше од жичарата на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат
Вчера, дете падна од жичарата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето. Видеото од инцидентот покажува како другите скијачи се обиделе да помогнат, но детето на крајот паднало на земја.
Видеото го прикажува детето како виси од столчето неколку моменти пред падот. Скијачите кои случајно се нашле на падината под жичарата се обиделе да го фатат за да го ублажат падот.
Сè уште не е познато зошто детето паднало од седиштето.
Планинарската служба потврди за БН дека се случила несреќата. Повреденото дете е однесено во болницата „Србија“ во Источно Сараево, каде што е на лекување.
Лекарите сè уште не дале коментар за сериозноста на неговите повреди.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во Јадранското Море
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Хрватска во 21:48 часот вчера вечер.
Епицентарот бил на длабочина од 15 километри во Јадранското Море јужно од Корчула, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Во вторникот, земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на Ливно. Беше почувствуван и во Далмација.

