Македонија
Заев – Калис: Естонија е гласна во поддршката за Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ
На маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, премиерот Зоран Заев имаше билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калис.
На средбата двајцата соговорници ги истакнаа пријателските односи меѓу двете земји и заемната посветеност за понатамошно унапредување на соработката.
„Премиерот Заев во разговорот ја поздрави заложбата на Република Естонија како вреден партнер и поддржувач на нашата интеграција во Европската Унија, како и во процесот на зачленување на Северна Македонија во НАТО и се заблагодари за силната и гласна поддршка за започнување преговори за пристапување. Заеднички заклучок од средбата на премиерот Заев со премиерката Калис е дека Самитот на ЕУ за Западен Балкан треба да испрати посилни пораки до граѓаните за поддршка за аспирациите на земјите од регионот за пристапување во Европската Унија“, соопштија од Владата.
Премиерот Заев се заблагодари за прифатената поддршка Естонија за споделување на своето искуство од дигитализацијата со Северна Македонија за што двете земји го одобрија склучувањето на Меморандум за разбирање меѓу македонскиот Секретаријат за европски прашања и Естонскиот центар за меѓународен развој во областа на дигитализацијата и е-управување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
„Доколку ДПМНЕ добие преголема моќ ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство“, вели СДСМ
„Потребен е силен СДСМ во Собранието, да не се дозволи повторно инсталација на режим од страна на ДПМНЕ и играње со иднината, стабилноста и безбедноста на државата“, вели СДСМ.
„Доколку десничарска партија како ДПМНЕ добие преголема моќ, извесно е дека ќе се стави крај на европските перспективи, независните медиуми и независното судство.
Тоа ќе значи враќање назад повеќе од 20 години.
Поддршка за СДСМ и обединување на сите прогресивни сили во земјата е единствениот начин да се спречи повторно режим“, соопшти СДСМ.
Македонија
Пендаровски по повод Светскиот ден на слобода на медиумите: Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето
Претседателот Стево Пендаровски упати порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите.
„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.
Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.
Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите“, порача претседателот Пендаровски.