Црна хроника
Разбиена српско-македонска група шверцери на дрога
Српската полиција привела две лица од Македонија и петмина од Србија, кои биле дел од меѓународен синџир на трговија со наркотици, изјави денеска за белградската агенција Танјуг, министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ
Според истиот извор, меѓу уапсените се Ерик Ахметовиќ (28) и Един Лиман (19) од Скопје, а сите се приведени заради здружување и препродажба на дрога.Групата, како што се наведува, била откриена неодамна кога на граничниот премин Батровци во автобус на релација Скопје-Риека, биле пронајдени половина килограм хероин, а биле уапсени две лица од групата, кои ја пренесувале дрогата.Српската полиција повеќе од три месецa ги следела активностите на осомничените, а апсењата уследиле кога била откриена целата група.Сите приведени, кои се од Скопје, Лесковац и Прибој, на полицијата и’ ги признале делата за кои се осомничени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почината жена пронајдена во куќа во Струга
Вчера во 17:20 часот во ОВР Струга, од Итната медицинска помош Струга е пријавено дека во куќа на ул.„15-ти Корпус“ во Струга, сопственост на Р.М.(55) од Струга, пронајдена е почината Б.В.(56) од Струга.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга, информира полицијата.
Црна хроника
Тетовец извршил обљуба врз малолетно девојче
Татко пријавил во полиција дека маж од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Имено на 10.11.2025 во 15:00 часот во ОВР Дебар, 41-годишен маж од дебарско пријавил дека лице од тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници ги уапсиле Н.И.(31) и Д.Н.(21) затоа што при преглед на патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регитарски ознаки, кое го управувал Д.Н., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени и одземени дигитална вага и бела грутчеста материја.
Исто така, пронајдена е и бела материја која претходно Д.Н. ја фрлил од возилото.
Додека, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.И. дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја.
Двајцата се приведени и задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против ќе биде поднесена соодветна пријава.

