Топ
Кандидат за градоначалник на Новаци се обидел да удри полицаец со автомобил и незаконски снимал спот на стадион
Кандидат за градоначалник на општина Новаци се обидел со автомобил да удри полицаец,додека се движел кон стадион за да снима спот. Од друга страна, пак, тој пријавил во полиција дека бил спречен да снима спот од страна на возачот на актуелниот градоначалник на Новаци и еден полицаец.
Според информациите од МВР, вчера, В. Н. (50), кандидат за градоначалник на општина Новаци, пријавил дека околу 10.30 часот, од возачот на актуелниот градоначалник и В. Б. (46), полициски службеник во СВР Битола, бил спречен да замине во село Новаци и да снима спот на стадионот во селото.
Според пријавеното, додека се движел со автомобил, двете лица со возило му свиреле и се обиделе да го престигнат, но тој не застанал. Во врска со настанот, во 11.30 часот во СВР Битола возачот пријавил дека околу 10 часот, додека преземале службени дејства, В. Н., кој бил со возило, не застанал и продолжил со движење.
Како што е пријавено, на улицата Филип Втори Македонски со возилото се обидел да удри полициски службеник.
Околу 12.40 часот В. Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во врска со истиот настан, во 15.05 часот, во СВР Битола, Т. К., претседател на ФК „Новаци“, пријавил дека кандидатот за градоначалник В. Н. неовластено влегол во стадионот на ФК „Новаци“ да снима спот.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Механичар пукал кон муштерија по расправија околу поправка на автомобил во Гостивар
Вербална расправија околу поправка на автомобил заврши со пукање во Гостивар.
Механичар во текот на вчерашниот ден, со пиштол кој го поседувал без дозвола, пукал кон муштерија кој дошол во неговата продавница за автомобилски делови за да го поправи возилото.
Се’ почнало со расправија меѓу нив, по што муштеријата го турнал механичарот кон возилото со цел да го натера да му го поправи. Но, инцидентот допрва почнал. Мајсторот револтиран влегол во куќата. Го зел пиштолот и испукал проектил кон оштетениот. Не го погодил, а куршумот завршил во вратата на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Тој се товари за убиство во обид, како и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.
Топ
Пукање во Арачиново од возило во движење, повредено едно лице
Попладнево дошло до престрелка во селото Арачиново, Скопско, пришто повредено е едно лице.
Според информациите од МВР, околу во 14.50 часот, во угостителски објект, од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил С.А..
„На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна медицинска помош“, информираат од МВР, од кадешто додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.