Спорт
Роналдо нема да биде казнет, судијата ја отфрил тужбата на Кетрин Мајорга
Кристијано Роналдо наскоро ќе биде ослободен од сите обвиненија за силување што против него ги поднела американската манекенка Кетрин Мајорга. Судијата задолжен за овој случај дал препорака обвиненијата да бидат отфрлени, бидејќи се темелат на комуникацијата која нелегално била објавена од „Фудбал ликс“, пишува германскиот „Спорт 1“.
„Фудбал ликс“ ја објави комуникацијата помеѓу Роналдо и неговиот адвокат, која е доверлива, поради што на судот не може да се користи како доказ. Адвокатот на Роналдо ги отфрлил обвиненијата и тврди дека Мајорга се согласила на сексуален однос со фудбалерот. Семејството на Мајорга бара обесштетување од 200 милиони долари.
Мајорга го обвини Роналдо дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година. Една година подоцна, таа од него со вон судска спогодба добила 300.000 долари.
Мајорга во 2018 година со приказната за силување излезе во јавноста и го пријави случајот во полиција.
Првото рочиште го изгубила поради недостиг на докази. Потоа поднела приватна тужба, во која навела дека била „ментално нестабилна поради стресот“, кога прифатила вон судска спогодба.
Во 2009 година, кога Роналдо го договорил трансферот од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид, славел во ноќен клуб во Лас Вегас. Во клубот Кетрин Мајорга работела како хостеса.
Роналдо ја почестил со пијалак, а потоа неа и нејзините пријателки ги поканил на дружба во неговиот апартман.
Португалецот никогаш не негирал дека сексуалниот чин се случил, но тврди дека сè се случило со согласност на девојката. Верзијата на Мајорга е поинаква, а била и верзијата на Роналдо во моментот кога пред адвокатот го признал силувањето.
Токму во документите на „Фудбал ликс“, кои пред три години го објави „Шпигл“, се наоѓа признанието на Роналдо дека ја силувал девојката.
„Шпигл“ го објави прашалникот на 27 страници, кој Роналдо го добил од адвокатите, за да дознаат што се случило во Лас Вегас. Врз основ на тој обемен прашалник тие ја подготвиле обраната.
„Таа ми рече ‘не’ и повеќе пати бараше да прекинам. Рече дека не е за секс, бидејќи само што сме се запознале, но ме фати за пенисот. Долго време останав во таа положба. Ми призна дека не сакала да имаме однос, но беше достапна. Исто така забележав неколку модринки на нејзиното тело“, напишал Роналдо.
Оваа изјава адвокатите ја смениле и напишале само „не“.
Едно од прашањата на адвокатите било и дали девојката рекла нешто по сексуалниот однос.
„Ми рече: Идиот, ме натера на ова. Ти си идиот. Јас не сум како останатите. Ѝ реков дека ми е жал“, напишал Роналдо.
„Шпигл“ напиша дека Роналдо на адвокатите им признал дека имал секс со Кетри Мајогра против нејзина волја.
„Шпигл“ тврди дека поседува уште документи и дека пред 12 години адвокатите на Роналдо успеале да ја замолчат Кетри Мајогра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Росениор потврди дека е новиот тренер на Челзи
Лиам Розениор ќе стане новиот менаџер на Челзи.
Сега веќе поранешниот тренер на Стразбур, ова го потврди за медиумите, дури и пред официјалното соопштение од „Стемфорд Бриџ“.
„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски шампион и едноставно не можев да ја одбијам. А сега конечно можам да си одам дома, да ги видам моите деца. Жртвував многу за да бидам толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур се најдобриот период од мојата кариера. Во текот на последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав некои неверојатни луѓе и ништо од ова немаше да се случи без напорната работа на сите во клубот. Немав понуда само од Челзи, имаше и други од Лигата на шампионите, но не можев да ја одбијам оваа можност“, подвлече Розениор.
Се очекува новиот менаџер да дебитира за време на викендот во ФА Купот против Чарлтон.
Foto/ EPA
Спорт
Лапорта најде дупка во правилата, Кансело доаѓа во Барселона
Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело, го напушти Ал Хилал. До крајот на сезоната како позајмен играч ќе го носи дресот на Барселона. Ова значи дека Португалецот се врати на „Ноу Камп“, каде што ја мина сезоната 2023/24, тогаш како позајмен фудбалер од Манчестер сити.
Барселона, успеа да ја добие битката со Интер за потписот на Кансело. Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, повторно успеа да ги заобиколи прописите од финансискиот ферплеј, ќе го плаќа Кансело од платата на повредениот Андреас Кристенсен.
„Мундо Депортиво“, „Спорт“ и други каталонски и шпански медиуми наведуваат дека Барселона пронашла начин да најде средства во рамките на своите скромни можности под строг надзор на Ла Лига, УЕФА и ФИФА, што би ја оправдало инвестицијата во Кансело во однос на одржливиот бизнис.
Со оглед на тоа што Кристенсен е сериозно повреден и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната, Лапорта дошол до идеја буквално да „скине“ 80 проценти од неговиот загарантиран приход за сезоната 2025/26 и да го пренасочи кон договор со Ал Хилал во врска со позајмицата на Кансело, а потоа во иднина да смисли како да му го плати на Данецот она што тој треба да го заработи.
Можеби звучи наивно, но ова е невидена ситуација во професионалниот фудбал, барем во делот што го нарекуваме „петте најдобри лиги“.
Португалецот играше во Саудиска Арабија за годишна плата од околу 15,3 милиони евра, но Барселона ќе му плати само една третина од таа сума. Иако изгледа изводливо, со оглед на тоа што должи над една и пол милијарда евра, Барса не би можела да го оправда овој трошок во текот на натпреварувачката сезона.
Кансело ќе биде позајмен до крајот на сезоната, Барселона ќе плаќа околу една третина од неговите приходи во Ал Хилал (каков е интересот на Саудијците, тоа е посебна приказна), а Кристенсен очигледно ќе го добие својот дел подоцна кога ќе се отвори простор во најотворениот буџет во европскиот фудбал.
Foto/ depositphotos
Спорт
Аморим го чинеше Манчестер Јунајтед 32.000.000 евра
Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим по само 14 месеци, а неговиот неуспешен престој во редовите на повеќекратните европски шампиони го чинеше клубот речиси 32 милиони евра.
Португалецот беше повикан во тренинг-центарот во Карингтон во понеделникот, каде што извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му врачија отказ по несогласувањата со клупските челниви, пред сите со Вилкокс.
Само отпремнината на Аморим е 10 милиони евра, со што вкупната цена на неговиот престој на „Олд Трафорд“ се искачи на неверојатни 32 милиони евра.
Јунајтед му плати 9,5 милиони евра на Спортинг Лисабон во октомври 2024 година за да го донесе Аморим во своете редови.
Неговата годишна плата беше 7,5 милиони евра, па отпремнината за остатокот од неговиот договор, кој важи до јуни 2027 година, е нешто над 11,5 милиони евра.
Клубот ќе мора да плати и за петчлениот тренерски персонал што пристигна со него од Португалија.
Foto/ depositphotos

