Црна хроника
Скопјанец казнет со 2.000 евра, заразен со коронавирус отишол во суд
Надлежните институции му определија парична казна од 2.000 евра на скопјанец кој наместо да остане во задолжителна самоизолација од Ковид-19 отишол во суд.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 41-годишен скопјанец за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот на 9 март добил позитивен резултат од извршено тестирање за коронавирус во една лабораторија во Скопје. Но, наместо да остане во задолжителна самоизолација, како што е предвидено со протоколите за заштита на населението од заразна болест, тој веќе следниот ден излегол од домот и отишол во Основниот кривичен суд Скопје. Таму бил забележан и пријавен од службено лице од судската полиција, по што полициски службеници го сопреле и му извршиле проверка на идентитетот.
Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

