Спорт
Хамилтон најбрз во Истанбул, но Ботас ќе стартува од пол-позицијата
Британецот Луис Хамилтон предмалку беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Турција кои се возеа во Истанбул. Сепак тој е казнет со десет позиции заради тоа што од Мерцедес извршија промена на моторот на неговиот болид, па пол-позицијата пред утрешната трка му припадна на неговиот клупски колега, Валтери Ботас.
Веднаш до Ботас утре на трката во Истанбул ќе се најде лутиор ривал на Хамилтон за титулата – Холанѓанецот Макс Ферстапен од Ред Бул кој денеска имаше трето време во квалификациите.
Вториот стартен ред пред утрешната трка го пополнија Шарл Леклер од Ферари, односно Пјер Гасли со Алфа Таури.
Место во првата 10-ка имаше и за Алонсо, Перез, Норис, Строл, Цунода и Фетел.
Хамилтон ќе стартува од 11-тата позиција.
?FINAL Q3?
?HAMILTON
?Bottas
?Verstappen#F1 #Formula1 #TurkishGP??
? @MercedesAMGF1 pic.twitter.com/rjDlnHCe11— Formula 1?? | #TurkishGP?? (@Formula1arg1) October 9, 2021
? TOP 10 – END OF QUALIFYING ?
1 HAM ?
2 BOT
3 VER
4 LEC
5 GAS
6 ALO
7 PER
8 NOR
9 STR
10 TSU#TurkishGP ?? #F1 pic.twitter.com/2yVnwUJtoS— Formula 1 (@F1) October 9, 2021
LEWIS HAMILTON GOES FASTEST! ?
Due to a ten-place grid penalty @LewisHamilton will start in P11, with team mate @ValtteriBottas inheriting pole position ?#TurkishGP ?? #F1 pic.twitter.com/dhP5kvaC3K
— Formula 1 (@F1) October 9, 2021
Трката започнува утре од 14 часот, а пред неа, во генералниот пласман Луис Хамилтон има 246,5 бода, два повеќе од Макс Ферстапен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Филмско бегство на затвореници во Шпанија за време на мечот Барселона – Атлетико, се спуштиле со врзани чаршафи
Двајца затвореници побегнаа од затворот во Пикасент, 15 километри од Валенсија, во саботата навечер, искористувајќи ја еуфоријата предизвикана од гледањето фудбалски натпревар помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид на телевизија.
Затворениците избегале по ноќното пребројување, кое се случува околу 21 часот, што се совпадна со почетокот на дербито од шпанската лига меѓу Барселона и Атлетико.
Затворениците ја искористиле вревата и метежот предизвикан од натпреварот, објави денеска шпанскиот јавен сервис ТВЕ, повикувајќи се на неименувани извори од затворот.
Двајца затвореници ги скршиле решетките од својата ќелија, се спуштиле со врзани чаршафи и избегале од затворскиот комплекс.
Затворскиот синдикат изјави за новинската агенција ЕФЕ дека бегството на двајцата е резултат на пропуст на безбедносниот систем во затворот во Валенсија, еден од најстарите во Шпанија. Синдикатот повика на ангажирање на дополнителни чувари.
Затворската служба отворила истрага, а полицијата трага по бегалците, чиј идентитет не е соопштен, ниту зошто издржувале затворска казна.
Фудбалот е најпопуларниот спорт во Шпанија. Во саботата Атлетико го презеде првото место на првенствената табела од Барселона со победа од 2-1.
Спорт
Новиот претседател на ФС на Шпанија јавно призна дека е навивач на Реал
Новиот претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Рафаел Лусан, призна дека е навивач на Реал Мадрид.
Лусан беше избран за нов претседател минатата недела, а една од првите обврски му беше патувањето во Доха, да го гледа натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп.
Шпанскиот весник „Спорт“ ја пренесе изјавата на Лусан од Доха во која тој изразил воодушевување од претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Ќе се обидам да се сретнам со претседателот Флорентино во Доха и во исто време да му се ставам целосно на располагање. Го познавам долги години, му се восхитувам на способноста и начинот на кој го води клубот, сите ние што навиваме за Реал Мадрид сме многу задоволни од тоа како раководи со овој голем клуб“, изјави Лусан.
Тој додаде дека фудбалскиот клуб Реал Мадрид е „најдобриот амбасадор на Шпанија во светот“.
Лусан доби четиригодишен мандат, но го чека исходот од претстојниот судски спор.
Тој може да се соочи со седумгодишна суспензија од сите позиции во шпанскиот фудбал, поради обвинувања за измама додека беше член на Советот на Понтеведра.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, исто така е навивач на Реал Мадрид, но во последно време често влегува во расправии со челниците на клубот.
Ќе биде интересно да се слушнат реакциите од Барселона, најголемиот ривал на Реал, кој постојано е во конфликт со челниците на Ла Лига поради судиите за кои се вели дека го „туркаат“ мадридскиот тим.
Спорт
Барса во јануари сака да го продаде Де Јонг
Пукна љубовта меѓу Барселона и холандскиот репрезентативец, Френки Де Јонг. Како што објави шпанскиот весник „Релево“, Де Јонг би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Според овој извор, клубот веќе нема трпение за Де Јонг, кој го пропушти почетокот на сезоната поради повреда.
Де Јонг се врати, сепак, по повредата воглавно играше од клупата, а на претходните два меча не ни влезе во игра.
И минатото лето долго се расправаше дали Холанѓанецот ќе ја напушти Барселона. Тоа не се случи тогаш, но по се изгледа ќе се случи сега.
Де Јонг не е задоволен од минутажата што ја добива, а од друга страна, Барса има многу млади играчи во средниот ред на кои може да се потпре.
Холанѓанецот е во каталонскиот клуб од 2019 година, кога за 86 милиони евра пристигна од Ајакс.