Контакт

Вести

Најмалку 30 жртви во бомбашки напад во Авганистан

Објавено пред

Автомобил полн се експлозив во вторникот на преполн пазар во источната авганистанска покраина Пактика убил најмалку 30 лица, а 40 се ранети, објави полицијата која очекува дека бројот на жртвите и ранетите ќе расте.
 

dobivaj vesti na viber

Автомобил полн се експлозив во вторникот на преполн пазар во источната авганистанска покраина Пактика убил најмалку 30 лица, а 40 се ранети, објави полицијата која очекува дека бројот на жртвите и ранетите ќе расте.

 

 

Како што рекол заменикот на полицискиот началник на покраината Пактика, Нисар Ахмад Абдулрахамзаи, полицијата уште ги превезува загинатите и повредените во локалните болници.

Според некои извори на агенциите, веќе се регистрирани 50 загинати во нападот кој се случил во близина на многу фреквентната и порозна граница со пакистанската покраина Северен Вазиристан во којашто пакистанската армија последните седмици изведува офанзива против засолништата на пакистанските талибани принудувајќи ги на повлечување кон Авганистан.

„Експлозијата беше толку силна што уништи цели продавници и десетици луѓе останаа под урнатините“, изјавил првиот човек на покраината Мохамад Раза Кароти кој изразил стравување дека „бројот на ранетите ќе надмине сто“, а ќе расте и бројот на мртвите.

Истовремено во вторникот во авганистанската престолнина Кабул експлодирала бомба поставена крај патот и убила двајца службеници во кабинетот на претседателот на заминување Хамид Карзаи, а петмина се ранети, објави полицијата за нападот за кој одговорноста ја преземаа авганистанските талибани.

Нападите во Авганистан се зачестени додека меѓународните сили предводени од НАТО и САД се подготвуваат за постепено повлекување од земјата во којашто расте бројот на цивилните жртви. Обединетите нации минатата седмица објавија во својот полугодишен извештај дека од 1-ви јануари до 30-ти јуни 2014 година забележале 4.853 цивилни жртви. Меѓу нив 1.546 загинале, што претставува 17 отсто повеќе од истиот период минатата 2013 година, а ранети се 3.289, што е за 28 отсто повеќе./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница, апелира директорката на Пластична хирургија

Тим од Пластична хирургија и од Министерството за здравство вчера констатирал дека во болницата во Кочани има услови за лекување...

Македонија9 часа

Деветмина пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осуммина се враќаат од странство, во Скопје ќе останат 15, а во странство 100  

Од денес на домашно лекување одат деветмина пациенти, кои се лекуваа на скопските клиники по пожарот во Кочани, а дома...

Македонија10 часа

Ќе се испитува дали постои основа за задржување на насилникот од Радовиш, кој сподели видео на „Тик-ток“ додека ја тепаше сопругата

За лицето од Радовиш, кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се...

Македонија11 часа

„Не заборавајте дека нашите деца си заминаа поради партиите, дојде време да избираме децата или партиите“: се огласија кочанчани

Дојде време да избираме децата или партиите. Живееме во време кога луѓето повеќе веруваат во партиите отколку во самите себе....

Македонија13 часа

За хероите од Кочани

„За вистинските херои од Кочани“ – нешто што нема да го прочитате и видете на друго место, а никој не...

Македонија13 часа

(Видео) Нова снимка од пожарот во Кочани: „Излегувај, се запали ‘Пулс’“

Нова снимка од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се појави на социјалните мрежи. На видеото може да се забележат...

Македонија14 часа

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството...

Македонија15 часа

„Ургентно формирање парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран...

Свет17 часа

Трамп наметнува царина од 25 отсто на милиони автомобили, тоа е огромен удар за Европа

Претседателот Доналд Трамп најави нова царина од 25 отсто за која рече дека ќе се применува на „сите возила што...

Европа17 часа

(Видео) Масовен напад со дронови врз Харков

Руските сили вчера вечер извршија масовен напад со беспилотни летала врз Харков, вториот по големина град во Украина, при што...

Македонија1 ден

Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија

Двајца Македонци го загубија животот во трагична сообраќајна несреќа што се случи помеѓу меѓу комбе и камион во близина на...

Македонија1 ден

(Вознемирувачко видео) Насилник од Радовиш ја тепа сопругата во живо на „Тик-ток“, приведен е

Вознемирувачко видео кружи на социјалните мрежи од лице од Радовиш кое ја тепа својата сопруга, а сето тоа е пренесувано...

Македонија1 ден

Советот остана без кворум и не се произнесе за разрешувањето на Коцевски, Владата ја стопира постапката

Советот на јавни обвинители остана без кворум и без да изнесе мислење за државниот обивнител, Љупчо Коцевски. Седницата беше одложена...

Култура1 ден

Сара беше жена карпа, таа беше музика – комеморација за Пројковска која го загуби животот во пожарот

На Факултетот за музика уметност денес се одржа комеморацијата за професорката по пијано и пратечки вокал на речиси цела музичка...

Македонија1 ден

„Нема да дозволам да бидам месо за јавен линч”, Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по...

Македонија1 ден

Останав без колегите оти сите се заплашени со бркање од работа ако излезат и ѝ дадат поддршка на колешката повредена со два куршума, вели Деаноски од УПОЗ

Претседателот на Синдикатот на вработените во органите на државната управа, правосудните органи и здруженијата на граѓаните (УПОЗ), Трпе Деаноски, денеска...

Македонија1 ден

Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири, контролите продолжуваат, најави Митева

За разлика од минатото, кога институциите беа бавни, неефикасни или селективно го спроведуваа законот, денес ние демонстрираме поинаков пристап –...

Македонија2 дена

Таравари не кажува дали бара 40 отсто кандидати за градоначалници, но тврди дека состојбата во коалицијата „Влен“ е релативно стабилна

Арбен Таравари, министер за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, тврди дека состојбата и во коалицијата, но и...

Македонија2 дена

Уште пет пациенти денеска ќе се вратат од странство: четири од Шпанија и еден од Грција

Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите информира дека денеска уште 5 пациенти ќе се вратат од...

Македонија2 дена

„Тоа е рана што никогаш нема да зарасне, ќе крвави во мене до крајот на животот“: се огласи Дарко, кој се врати од лекувањето во Белград

Дарко Стојанов, кој по стравотниот пожар во дискотека во Кочани се лекуваше во странство, вчера пристигна дома. Тој беше пречекан...