Спорт
Бускетс за голот на Мбапе: Ова нема логика
Килијан Мбапе, синоќа, го реши победникот во финалето во Лигата на нации. Франција, со пресврт, ја победи Шпанија (2:1). Голот за победа на Мбапе предизвика многу коментари, Шпанците очекуваа дека ВАР ќе интервенира и ќе го поништи голот, но тоа не се случи.
Мбапе беше најблиску до голманот Симон, меѓутоа офсајдот го „уби“ Ерик Гарсија, кој имал допир со топката пред таа да дојде до францускиот напаѓач.
„Судијата реше дека Ерик Гарсија сакал да игра со топката и дека тоа го поништило офсајдот. Но тој мораше да игра со неа, бидејќи таа ќе стигнеше до Мбапе, кој беше во офсајд. Ова нема логика“, рекол капитенот на Шпанија, Серхио Бускетс, по завршувањето на натпреварот.
Busquets: "the referee told us that Eric Garcia wanted to play the ball and that kills the offside… But he wanted to play the ball because the ball would have reached Mbappe who was offside! It doesn't make sense!" pic.twitter.com/imhepp236Z
— Guillem Balague (@GuillemBalague) October 10, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Орландо избори мајсторка
Далас Маверикс ноќта меѓу петокот и саботата стигна до полуфиналето на плејофот на Западната конференција, ги елиминираа Лос Анџелес Клиперс со резултат 4:2. На Истокот, Орландо Меџик избри мајсторка против Кливленд Кавалирс.
Здравствената состојба на Дончиќ беше малку подобра од претходниот натпревар кога го мачеше коленото и настинка, одигра одличен натпревар и заедно со Кајри Ирвинг ги соборија Клиперси so 114:101.
Ирвинг мечот го заврши со 30 поени, шест скока и четири асистенции, а Дончиќ постигна 28 поени со 13 асистенции и седум скока.
Вашингтон додаде 14, а Гафорд 13 поени за Далас.
Најдобри играчи во тимот на Клиперс, во поразот кој за нив значеше крај на сезоната, беа Пауел со 20 поени, Џорџ со 18 поени и 11 скока и Ивица Зубац, кој мечот го заврши со 17 поени и 11 скока, и имаше една асистенција. Харден постигна 16 поени со 13 асистенции и седум скока.
Далас, во конференциското полуфинале ќе игра против Оклахома.
Орландо – Кливленд 103:96
Залудна беше фантастичната партија на Донован Мичел за Кливленд Кавалирс, кои постигнаа 50 поени, Орландо беше сигурен и успеа да го изедначи резултатот во серијата на 3:3.
Првото полувреме им припадна на домашните, но пред решавачките 12 минути Кливленд беше на +5. И застана таму. Кавси во последната четвртина постигнаа само 18 поени.
Банчеро го предводеше Орландо со 27 поени, осум скока и четири асистенции, Вагнер додаде поен помалку со пет скока и две асистенции, а Сагс го следеше со 22 поени и шест украдени топки. Картер постигна 11 поени со девет скока.
На другата страна Мичел остана сам, на 50 поени додаде и четири скока и асистенции, а зад него беше Гарланд со 21 поен, шест скока и пет асистенции.
Бостон ќе мора да почека уште малку за да добие противник за полуфиналната серија.
Спорт
Вилбекин трагичар, Монако избори мајсторка
Кошаркарите на Монако го совладаа Фенербахче на гости со 65:62 во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на плеј-офот во Евролигата и се изборија за мајсторка.
Да потсетиме, само Реал Мадрид досега се пласираше на завршниот турнир во Берлин, додека петтиот натпревар ќе го даде победникот и во сериите меѓу Барселона и Олимпијакос, односно Панатинаикос и Макаби.
Исклучително возбудлив натпревар, во кој доминираа одбраните одиграа фенер и Монако.
На крајот Монако победи со многу среќа. Малку фалеше Мајк Џејмс наместо еден од хероите на победата на Монако да биде трагичар. Американецот постигна тројка на 51 секунда до крајот, на гостите 61:57.
Во меѓувреме погодија Вилбекин и Хол, а потоа Марко Гудуриќ со својата тројка ги доведе возбудувањата до точка на вриење. Фенер на 18 секунди до крајот се доближи на 62:63.
Следуваше кулминација на истанбулската драма, Џејмс во предвидените пет секунди не успеа да ја уфрли топката во игра, па Фенер имаше речиси цел напад да ја обезбеди победата,
Вилбекин ја презеде одговорноста, имаше многу време да размисли како ќе ја нападне одбраната на Монако, се обиде да заврши со флотер и промаши.
Топката му припадна на Монако, а Хол со забивање стави точка на натпреварот.
Кај Фенербахче најефикасен беше Марко Гудуриќ со 14 поени (3/3 за три).
Ели Окобо ги предводеше гостите со 13 поени, додека Мотијеунас и Џејмс мечот го завршија со по десет поени.
Спорт
Лејкерси го отпуштија тренерот
Лос Анџелес Лејкерс му врачија отказ на тренерот Дарвин Хем. Отказот е последица на елиминацијата, во првата плеј-оф рунда од актуелните шампиони Денвер Нагетс.
За две сезони на кормилото на Лејкерс, Хем забележа 90 победи и 74 порази, минатата сезона стигна до конференциското финале и беше елиминиран од Денвер со 4:0, исто му се случи и оваа сезона, разликата беше само што Лејкерс успеаја да добијат еден натпревар.
Исто така Лејкерси со Хем го освоија турнирот кој се одржува во текот на сезоната во НБА.
Претходно Хем беше асистент во Милвоки Бакс, Атланта Хокс и ЛА Лејкерс.