Контакт

Вести

Русија против новата трка во вооружување

Објавено пред

Русија принципиелно е против секоја нова трка во вооружување со САД, изјави во средата советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, ден откако Владимир Путин ги возбуди духовите на Запад со изјавата дека ќе ги зајакне руските стратешки сили, како одговор на намерите на Вашингтон да распореди тешко вооружување на Балтик и во источна Европа на руските граници.

dobivaj vesti na viber

„Русија се обидува на еден или на друг начин да реагира на потенцијалните закани, но нема да ја мине границата. Се противиме на секога трка во вооружување, бидејќи тоа би ги ослабело економските способности. Принципиелно сме против тоа“, изјави Ушаков.

Путин во вторникот најави дека ќе го засили потенцијалот на нуклеарниот стратешки арсенал со повеќе од 40 нови интерконтинентални балистички ракети кои можат да ги минат најсофистицираните противвоздушни системи за одбрана, како одговор на американските планови за инсталирање тешко вооружување и антиракетниот штит во близина на руските граници.

Рускито претседател појасни во вторникот навечер дека Русија „мора да се брани со вооружените сили и ударната сила“, доколку ѝ се заканува „опасност бидејќи НАТО доаѓа на нашите граници“. /крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Љутков: Македонскиот јазик низ историјата помина низ многу предизвици и тешкотии

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска се обрати на Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот...

Економија9 часа

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија9 часа

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ9 часа

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија11 часа

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија12 часа

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија12 часа

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...

Европа13 часа

Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на...

Европа13 часа

(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озгур Озел, кој ја...

Свет15 часа

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на...

Регион15 часа

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по...

Македонија15 часа

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот...

Македонија1 ден

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...

Свет1 ден

Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако...

Македонија1 ден

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите...

Македонија1 ден

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот...

Регион1 ден

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на...

Македонија1 ден

АХВ казни 14 месарници кои продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на...

Македонија2 дена

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ2 дена

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...