Спорт
Германската одмазда е сурова – Македонија сега само со теоретски шанси за Мундијал
Германија стана првата европска репрезентација која се квалификувала на Светското првенство во Катар во 2022, откако на Арената „Тоше Проески“ имаа слатка одмазда со 0:4 победа над Македонија, сведувајќи ги нашите шанси за второ место на табелата на ниво на теорија.
Со оваа победа, тимот на Ханси Флик, го стави во втор план шокантниот 1:2 пораз од Македонија во првиот меч во Дуизбург, и со седум победи во осум меча осигураа билет на Мундијалот. Мечот исто така беше посебен за Тимо Вернер, кој даде два гола за четири минути за да се оправда за промашувањата во првиот меч.
Од стартот на мечот стана јасно дека Германците одат на победа во Скопје, со постојан притисок на нашиот гол, и само одличниот Столе Димитриевски успеа да спречи водство на гостите, како и Тимо Вернер, кој ја погоди гредата во финишот на полувремето.
Но, во вторите 45 минути, „маншафт“ ја покажа силата. Прво во 50. минута, на совршена контра, ја истрчаа нашата одбрана и Каи Хаверц им донесе водство. Потоа на сцена стапи напаѓачот на Челси, Тимо Вернер, кој во 70. минута постигна прекрасен гол, за само четири минути подоцна да зголеми на 0:3. Џамал Мусијала, новата надеж на германскиот фудбал во 83. минута го претвори убедливиот триумф во вистинска катастрофа за тимот на Благоја Милевски.
Бидејќи Романија со 1:0 ја совлада Ерменија за своја одмазда, сега Романците се во совршена позиција да го обезбедат второто место – до крајот имаат домашен меч со Исланд и гостување кај Лихтенштајн, и со две победи сигурно ќе бидат втори, бидејќи имаат еден поен пред Македонија.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ, ГРУПА Ј
Македонија – Германија 0:4
Романија – Ерменија 1:0
Исланд – Лихтенштајн 4:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-90252-35021”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА ги избра најдобрите 11 и најдобриот играч во Лигата на шампионите
Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0 на стадионот „Вембли“ и ја освои Лигата на шампионите. За Реал ова е 15-та европска титула во историјата, додека Борусија остана на една, освоена во 1997 година. Стрелци беа Дани Карвахал во 74. минута и Винисиус Жуниор во 83. минута.
УЕФА денеска го објави тимот на сезоната во Лигата на шампионите. Во него има по четворица играчи од Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а играчот на Реал Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч, додека неговиот соиграч Џуд Белингем е прогласен за најдобар млад играч во Лигата на шампионите.
Тим на сезоната во Лигата на шампионите:
Грегор Кобел (Борусија Дортмунд);
Дани Карвахал (Реал Мадрид), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Матс Хумелс (Борусија Дортмунд), Јан Маатсен (Борусија Дортмунд);
Марсел Сабицер (Борусија Дортмунд), Витиња (ПСЖ), Џуд Белингем (Реал Мадрид);
Фил Фоден (Манчестер Сити), Хари Кејн (Баерн), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)
Спорт
Зелено светло од УЕФА за Јунајтед, Сити, Ница и Џирона
УЕФА ќе им дозволи на Ница и Џирона, наредната сезоната да учествуваат во нејзините натпреварувања. Ница ќе игра во Лига Европа, а Џирона во Лигата на шампионите.
Манчестер јунајтед и Ница се во сопственост на „Инеос“ и нејзиниот шеф Џим Ретклиф. Двата клуба изборија пласман во Лига Европа, Англичаните со освојување на ФА Купот, а Ница како петтопласирана во Лига 1.
УЕФА во март потврди дека доколку два клуба со ист сопственик се квалификуваат за исто натпреварување, само еден ќе може да учествува.
Нормално, тоа би било случај со тимот што заврши подобро во националниот шампионат, што во овој случај е Ница, бидејќи Манчестер јунајтед беше осми. Сепак, Јунајтед го освои ФА Купот што им дава директен влез во натпреварувањето.
„Тајмс“, пренесува дека УЕФА му дала зелено светло на Јунајтед да игра во Лига Европа. Дозвола добила и Ница но под одредени околности.
Весникот пишува дека на Ница ќе работи под целосен надзор на панел формиран од УЕФА. Тој модел сезонава беше применет во случајот на Милан и Тулуз и нивниот сопственик од САД, компанијата „Red Bird Capital“.
Исто така, на клубовите им беше кажано дека сезоната ќе се смета за преодна и дека нема да има слични исклучоци во иднина.
Тоа практично значи дека и на Манчестер сити и Џирона ќе им биде дозволено да играат во Лигата на шампионите.
Џирона, како Ница, исто така ќе мора да биде контролирана од панелот на УЕФА.
Најголемото изнедување во Шпанија оваа сезона е дел од „Сити групата“.
Спорт
Секој недела најголемиот погоден коефициент на „Спорт лајф“ носи 100.000 денари
Новата акција на обложувалниците „Sport Life“ – „Играј за повеќе“, ќе се одвива од 1-ви јуни сè до 14 јули, во шест неделни етапи, со премија од 100.000 денари за секоја етапа. Премијата ќе ја освои играчот со највисок погоден коефициент на добитен тикет, уплатен со приложување на СЛ клуб картичката.
За пресметка во неделните етапи влегуваат тикетите кои што се уплатени во периодот од почетокот на етапата 09:00 заклучно со последниот ден од етапата до 23:59 часот, при што сите натпревари на тикетот треба да бидат со саатница во рамките на етапата.
Во обработка за акциската кампања влегуваат само несистемските тикети, со една комбинација.Тикетите уплатени од понудата за „живо“ и микс-тикетите исто така влегуваат во пресметка за акциската кампања.
Со акцијата „Играј за повеќе“, играчите членови на СЛ клубот ги очекуваат интересни мечеви и можности за поголеми добивки, особено со мечевите на Европското фудбалско првенство – УЕФА ЕУРО 2024, кое ќе се одвива од 14 јуни до 14 јули оваа година.
Сите детали за правилата за новата акција „Играј за повеќе“ како и табелата со приказ на неделните етапи можат да се најдат на официјалната веб страница на Sportlife.com.mk.
(ПР)