Македонија
Први процедури на аблација на преткоморна фибрилација изведени на Клиниката за кардиологија
Во периодот од 7 до 8 октомври 2021 година на УК за кардиологија првпат во државата се направени процедури на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д-мапинг-систем од страна на експерти аритмолози-електрофизиолози, и тоа со стоотстотна успешност, соопшти Министерството за здравство.
„Медицинскиот термин преткоморна фибрилација (ПФ), всушност, претставува аритмија, која е најчеста во светски размери, со преваленца од 2 до 4 % од вкупната популација. Таа е поврзана со зголемена смртност за 1,5-3,5 пати, зголемена појава на исхемичен мозочен удар (>20-30 %), зголемена појава на срцева слабост (>20-30 %), намален квалитет на животот кај повеќе од 60 отсто од пациентите, но и зголемување на хоспитализациите за 10 до 40 отсто кај пациентите што живеат со преткоморна фибрилација.
Радиофреквентната аблација (РФ) на преткоморната фибрилација, пак, претставува минимално инвазивна техника која се изведува во површна седација преку пункција на десната феморална вена и понатаму транссептална пункција за премин од десната кон левата преткомора, каде што со помош на 3Д-мапинг-систем се прави анатомска реконструкција на левата преткомора, од каде што потекнува преткоморната фибрилација.
Потоа со помош на аблативен катетер се прави радиофреквентна изолација со енергија од 50 W на отворите на четирите белодробни вени, кои влегуваат во левата преткомора (Pulmonary vein isolation (PVI) with radiofrequency (RF) ablation).
Оваа револуционерна техника овозможува ослободување од преткоморната фибрилација и намалување на компликациите со процент на непосредна успешност од 95 до 99 отсто. Кај повеќе од 80 отсто од пациентите отсуството на преткоморна фибрилација се забележува и по период на следење од 12 месеци, што јасно укажува на високата успешност на техниката“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

