Свет
Европскиот суд го отфрли случајот против Ватикан за сексуална злоупотреба
Европскиот суд за човекови права одлучи дека Ватикан не може да биде тужен пред локален суд за сексуална злоупотреба извршена од католичките свештеници, потврдувајќи дека Светиот Престол ужива суверен имунитет и не може да им се припишат злосторствата на свештениците и нивните претпоставени.
Европскиот суд го отфрли случајот инициран од 24 лица кои тврдат дека се жртви на сексуално насилство од свештеници во Белгија и оти Светиот Престол е одговорна за „структурните недостатоци“, поради што Католичката црква ги прикрива случаите на силување од страна на свештеници и малтретирање деца со децении.
Тие поднесоа жалба до судот во Стразбур откако белгиските судови заклучија дека немаат надлежност со оглед на имунитетот на Светиот Престола како суверена држава.
Европскиот суд одлучи дека судот во Белгија бил во право и дека на жртвите не им е одземено правото на судење и ја потврди одлуката дека Светиот Престол ужива суверен имунитет и не важи исклучок од тоа правило бидејќи лошото однесување на свештено лице во случаите на злоупотреба не може да се припише на Ватикан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Свет
Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење на нула температури втор ден по руските напади, јави АФП.
Русија ја погодува украинската енергетска инфраструктура цело време во текот на речиси четиригодишната војна, но Киев вели дека оваа зима била најтешка, со стотици руски беспилотни летала и ракети против украинската воздушна одбрана за време на големи мразови.
„Само оваа недела, Русите лансираа повеќе од 1.700 борбени беспилотни летала, над 1.380 водени воздушни бомби и 69 ракети од различни видови“, рече Зеленски претседателот по пристигнувањето во Вилнус.
„Затоа ракетите за системите за воздушна одбрана се потребни секој ден и ние продолжуваме да работиме со Соединетите Американски Држави и со Европа за да обезбедиме посилна заштита на нашето небо“, рече тој.
Руските бомбардирања особено го погодија Киев, принудувајќи половина милион луѓе да се евакуираат.
„Во моментов има 1.676 високи станбени згради во Киев без греење по непријателскиот напад врз градот Киев на 24 јануари“, рече градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Температурите под нулата и повторените воздушни напади ги забавија напорите на екипите кои работат да ги вратат греењето и струјата.
Свет
Куче открило дрога во вредност од 1,7 милиони евра
Со помош на кучето-душкач Мезкал на крајбрежната служба на Грција во камион што со траект од Италија пристигнал на пристаништето во грчкиот град Патра, биле откриени над 44 килограми кокаин и 134 килограми канабис во вредност од 1,7 милиони евра, за што уапсени се две лица.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, при контрола извршена од припадници на Регионалната единица за борба против дрога на пристаништето во Патра на товарно возило (со полуприколка) управувано од 49-годишен грчки државјанин и „по индикација од службеното куче за детекција на наркотични супстанции на Крајбрежната стража „Мезкал“, во кабината на возачот беа пронајдени внимателно скриени 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 22,693 килограми“.
При понатамошна контрола, во товарниот простор на полуприколката биле пронајдени 163 пластични пакувања со необработен канабис со вкупна бруто-тежина од 133,669 килограми, како и уште 20 пластични пакувања со кокаин, со вкупна бруто-тежина од 21,942 килограми.
За дрогата бил уапсен возачот на камионот, како и уште едно лице, грчки државјанин кој требало да преземе дел од наведените наркотични супстанции.

