Македонија
(Видео) Каевски: Компании на Данела Арсовска не плаќале струја, направиле долг од 54.000 евра
Документите што се доставени до нас откриваат голем скандал поврзан со кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, соопшти Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.
„Нејзина фирма ‘Империјал – Данела’ ДООЕЛ Скопје, понатаму ‘Империјал’ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, во кои таа била управител и сопственик, со години под закуп ја има спортската сала ‘Расадник’ во Кисела Вода. Но, фирмата, замислете, не плаќала струја! Фирмата на Данела направила долг од 3,3 милиони денари!
Еве го вториот документ. Погледнете, долг од 3,3 милиони денари или 54 илјади евра. Данела ниту е чесна ниту е независна. Кандидатката на Груевски е иста како него. Ова, почитувани граѓани, е класичен пример за неодговорно, расипничко и недомаќинско работење. Неодговорен и нечесен однос кон имотот на граѓаните, кои се реални сопственици на салата“, рече Каевски.
Според него, ако Арсовска вака лошо управува со една сала, јасно е дека нема да може да управува со цел град.
„Ако не плаќала струја, не почитувала договор, направила милионски долгови, јасно е дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со градскиот буџет и со договорите на Градот. Тоа е впрочем одлика на кадрите на Никола Груевски. Тоа е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, која 27 години го пустошеше Скопје. Не може граѓаните да си ги плаќаат своите сметки, а Данела на нивниот грб да се богати.
Поразот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје е јасен. Но, овде зборуваме за нешто сосема друго, зборуваме за неодговорно и недомаќинско управување на грбот на граѓаните. Има ли Данела Арсовска и други долгови и колкави се тие? Јавноста очекува одговори“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

