Македонија
Османи и Мортон утре во Скопје ќе го одржат првиот состанок на Советот за партнерство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе ѝ биде домаќин на министерката за Европа и Америкa на Обединетото Кралство, Венди Мортон, која престојува во работна посета на нашата земја.
Целта на посетата е одржувањето на првиот инаугуративен состанок на Советот за партнерство, трговија и соработка помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, на кој од страна на Северна Македонија ќе копретседава министерот Бујар Османи, додека од страна на Обединетото Кралство ќе копретседава министерката Венди Мортон, информираат од МНР.
Советот, додаваат од таму, се смета за највисоко работно тело надлежно за имплементација на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу двете земји, кој ќе ја има улогата на координатор на имплементацијата на одредбите од Спогодбата и развојот на севкупните односи меѓу двете земји. Исто така, во рамките на Советот, предвидено е министрите да потпишат и Деловник за работа, како рамка преку која ќе се одвива целосната соработка во рамките на ова тело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)