Македонија
Облачно и студено со врнежи од дожд
Времето во земјата ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 7 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со слаб ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје утрото студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд.
Скопје
Без струја делови од Аеродром и Гази Баба
Од ЕВН Македонија добиено е известување дека поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 08:30 до 12:30 часот корисниците од дел од булеварот 3та Македонска Бригада – кај ресторан Дион во општина Аеродром;
· Од 08:30 до 11:00 часот корисниците од дел од улицата Гемиџиска во општина Гази Баба.
Македонија
Фани Каранфилова-Пановска е новата заменичка-претседателка на СДСМ, следната недела ќе бидат избрани и останатите раководни тела
По завршување на 30. Конгрес на СДСМ, претседателот на партијата, Венко Филипче информираше за донесените одлуки, констатирајќи дека имало одлична енергија, нова сила и ентузијазам кој бил многу видлив кај сите присутни.
На овој конгрес беше избрана новата заменик-претседателка на СДСМ тоа е Фани Каранфилова-Пановска на која Филипче и’ упати честитки. За неа рече дека е човек кој го познава долго време и знае дека таа цврсто верува и во себе ги носи социјалдемократските вредности.
„Учествувала во работата на многу граѓански организации и соработувала со други правни субјекти коишто ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија“, рече Филипче.
Истовремено беа избрани и нови членови на Централниот и Надзорниот одбор. Филипче рече дека се избрани луѓе коишто се почитувани во општинските организации, имале соодветни критериуми по кои биле избрани и им посака успешна работа.
Првиот човек на СДСМ најави и дека во текот на наредната недела ќе биде комплетиран изборот и на останатите раководни органи и тела на СДСМ.
„Првиот состанок на новиот состав на Централниот одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, Потпретседателите и секретарите на партијата со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на ново партиско раководство“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Филипче на почетокот на Когресот имаше обраќање пришто, меѓудругото, потенцираше дека СДСМ во моментов се соочува со голем предизвик за враќање на довербата на граѓаните по катастрофалниот пораз на претходните избори. Тој сепак е уверен дека партијата ќе се издигне, а предизвиците ќе ги претворат во можности. Партискиот претседател најави нов почеток, кој го нарече пресвртница во делувањето на СДСМ.