Црна хроника
Најмалку 20 припадници на АРМ повредени во сообраќајка кај Штип

Најмалку дваесет лица, припадници на АРМ од кои најверојатно 15 старешини се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во вторник околу 17.30 минути на 20 километри од Штип, на раскрсницата кај Криволак, јавува струмичката телевизија ВИС.
До несреќата дошло откако во автобус на „Струмица експрес“ удрил џип марка Ауди.
Десетина повредени со полесни повреди се префрлени во струмичката болница каде им е укажана прва помош.
Дел од повредените потврдуваат дека возилото удрило во автобусот што ги превезувал вработените во АРМ од штипската касарна до Радовиш и Струмица.
Џипот доаѓал од Неготино и сакал да сврти лево кон Штип, јавува телевизијата.
Полицијата врши увид на местото на несреќата. /крај/вис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.