Македонија
Проблеми со гласањeто во затворите: Недостаток на паравани, затвореници ги нема на избирачки список

Доцнел почетокот на гласањето низ затворите во Македонија, поради технички проблеми. Досега е евидентирано дека во затворот „Идризово“ немало паравани поради што почетокот на гласањето бил во 8:20 часот, во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка поради местење на избирачкиот материјал имало доцнење од 20 минути.
Поголеми проблеми кои биле надминати имало во затворите во Битола и Штип. Избирачкиот одбор не дозволил затворениците да гласаат со тонски книшки (затворенички легитимации). Овој проблем е отстранет и гласањето продолжило.
За кумановскиот затвор, познато е дека околу триесетина затвореници кои сакале да гласаат, ги немало на избирачкиот список. Ваков проблем имало и во битолскиот затвор, каде затвореници со право на глас, ги немало на избирачкиот список.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.