Македонија
Околу 12.000 Македонци се вакцинирале со две дози во Врање

Вкупно 13.657 лица од Македонија се вакцинирани во Врање, Србија, со прва доза, а 11.966 примиле две дози вакцина против Ковид-19.
Вкупниот број на вакцинирани граѓани од Србија, Македонија и други земји во Спортската сала Врање од почетокот на вакцинацијата до вчера изнесува 100.066, објави утрово Здравствениот дом во градот.
Најмногу се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм – 62.711 дози, а потоа Фајзер во вкупно 29.439 случаи. Рускиот Спутник В бил даден во 6.999 дози. Астра Зенека, која не беше достапна долго време, беше применета во 932 случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
Македонија
Денеска сончево и топло, за викендот пониски температури

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Времето во наредните денови
Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.