Спорт
Новите газди немаа што да видат – Њукасл поразен од Тотенхем

Тотенхем славеше во Њукасл со 3:2, во претпоследниот натпревар од осмото коло. Тотенхем со оваа победа се израмнија со Брајтон на четвртото место, двата тима имаат по 15 бодови.
Ерата на саудиските газди, започна добро за Њукасл, но заврши со пораз. Калум Вилсон по 120 секунди игра го совлада Љорис, за голема радост на 52.000 публика на „Сент Џејмс парк“.
До крајот на полувремето Тотенхем направија целосен пресврт. Ндомбеле постигна убав гол за израмнување во 17.минута, а пет минути подоцна Кејн му донесе предност на Тотенхем.
Во 40.минута, навивач колабираше на трибините. Натпреварот беше прекинат, судијата Андре Маринер ги испрати играчите во соблекувалната. Лекарите навремено интервенираа, по укажаната помош, навивачот во стабилна состојба е префрлен во болница.
Маринер го продолжи првиот дел за седум минути, а во третата минута од „неговото“ време Сон зголеми на 1:3.
Во вториот дел, Њукасл останаа со играч помалку. Џоџо Шелви на теренот влезе во 60.минута, а во 83. поради вториот жолт картон ја напушти играта. До крајот Дајер си постигна комичен авто-гол и ги постави конечните 2:3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шон Дајч официјално ги презеде „шумарите“

Нотингем Форест го назначи поранешниот менаџер на Барнли и Евертон за свој нов главен тренер. Шон Дајч (54) го наследи Ангелос Постекоглу во Форест, кој беше отпуштен пред неколку дена по скромните резултати оваа сезона. Дајч потпиша договор со „шумарите“ до 2027 година.
Шон Дајч е третиот тренер кој ќе го предводи Нотингем Форест од стартот на сезоната.
Постекоглу беше отпуштен по само 39 дена, а последната капка беше поразот од Челзи со 3:0 на „Сити Граунд“. Со само 4 освоени бода од првите шест кола, тоа беше најлошиот почеток на сезоната во историјата на Нотингем ако зборуваме за Премиер лигата. Пред Постекоглу, отказ доби Нуно Еспирито Санто, тој замина поради несогласувањата со сопственикот на клубот.
Поранешниот менаџер на Барнли, Евертон и Вотфорд ќе има шанса да дебитира за својот нов клуб во четврток кога ќе се соочат со Порто во Лига Европа.
Спорт
Почнува 80. сезона во НБА-лигата

Во ноќта меѓу 21 и 22 октомври ќе започне 80-та сезона во НБА лигата. Шампионатото ќе го отворат актуелните шампиони Оклахома против Хјустон, засилен со Кевин Дурант, а нешто подоцна ќе се сретнат Голден стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс.
Првиот дел од 80-та МНА сезона ќе биде на програмата до 12 април, а во меѓувреме ќе се игра и НБА Купот. Започнува за десет дена и ќе трае до средината на декември.
Ол-стар натпреварот ќе се игра на 15 февруари во Инглвуд, Калифорнија, во салата на Лос Анџелес Клиперс.
Плеј-инот и плеј-офот започнуваат кон средината на април, а доколку финалната серија се игра во седум натпревари, шампионот ќе биде познат на 21 јуни 2026 година.
Спорт
Арсен Венгер ќе успее во намерата – ќе се менува правилото за офсајд

Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ) повторно ја разгледува новата имплементација на правилото за офсајд.
Според предлогот на поранешниот тренер Арсен Венгер, за позицијата да биде неправилна, би морало да има растојание помеѓу напаѓачот и дефанзивецот.
Венгеровото правило се појави како уште една идеја за подобрување на фудбалот, поточно правилото за офсајд, често контроверзна ситуација каде што растојанието помеѓу дефанзивецот и напаѓачот е толку мало што е речиси незабележливо.
За да се избегне поништување на голови поради маргини кои понекогаш се невидливи за човечкото око, Венгер, сега директор за фудбал на ФИФА и авторитетен глас благодарение на неговиот успешен тренерски мандат во Арсенал, излезе со револуционерен план кој го промени концептот на офсајд.
Во таа предложена промена, повеќе не е доволно само еден дел од телото на напаѓачот да биде пред дефанзивецот за да се нарече офсајд, туку целото тело мора да биде напред.
На тој начин, новата технологија во чипови во топките и камерите на стадионите можат точно да одредат кога телото на напаѓачот е всушност пред телото на дефанзивецот.
Според судијката Итуралдо Гонзалез, нов предлог за офсајд е повторно презентиран на ИФБА по две години неактивност.
„Ќе се дискутира на годишниот состанок, кој го сочинуваат 23-ца фудбалери и 11 судии, предводени од Венгер. Доколку помине, ќе оди на генералниот состанок закажан за февруари. Дури 95% од предлозите што ќе стигнат до тој состанок се усвоени“, објаснува Гонзалез.
Оваа нова примена на офсајд би имала за цел да постигне повеќе голови и да избегне спорни ситуации во милиметри.
🗣️ "That's why I proposed that as long as any part of your body is on the same line as the defender you're not offside. In one year the decision will be made by the IFAB."
Arsene Wenger provides an update on developments to the offside rule!#beINUCL #UCL pic.twitter.com/iTuHxCgqYW
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) May 6, 2025
Сепак, фудбалскиот свет никогаш целосно не ја поддржал оваа идеја, бидејќи таа го менува начинот на кој тимовите се бранат и пристапуваат кон натпреварите.
Доколку се усвои, правилото ќе мора да помине низ тест фаза на помали турнири и натпреварувања.