Македонија
(Видео) Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во земјава.
Според него, коалицијата на СДСМ победува во првиот круг или има водство пред ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Шуто Оризари, Кочани, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Богданци, Берово, Кривогаштани, Пехчево, Чашка, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Маврово и Ростуше, Старо Негоричане, Росоман, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Долнени, Куманово, Скопје.
„Поддршката што ја добивме во првиот круг е сериозна и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. Пред нас е голема борба и влегуваме во борба за сите преостанати општини. На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција. Впрочем, и затоа Мицкоски бараше градоначалници во првиот круг, бидејќи знае дека ситуацијата ќе се смени во вториот круг. Јасна е пораката на народот и таму каде што победивме и таму каде што не победивме – народот сака резултати и тоа е можно само со коалиција која оди напред. Борбата продолжува, бидејќи злото се заканува“, изјави Заев.
Тој ги повика сите оние кои не излегле на гласање во првиот круг, тоа да го сторат во вториот круг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

