Македонија
Плаќање на сметки за режиски трошоци во Пошта по најконкурентни цени
Вкупно 324 активни поштенски единици на Македонска пошта АД со 470 шалтерски места им стојат на располагање на граѓаните за реализирање на сите безготовински и плаќања во готово, вклучително и за плаќање на сметки за комунални услуги. Овие услуги во единиците на Пошта се достапни преку платниот промет на Халкбанк АД Скопје.
Една од најкористените услуги на Македонска пошта секако е плаќањето на сметки за режиски трошоци.
Отсега на шалтерите на Пошта можат да се плаќаат сметки за електрична енергија од ЕВН Македонија, сметките од БЕГ за испорачана топлинска енергија, за потрошена вода преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, како и сметки од речиси сите јавни комунални претпријатија во земјава.
Дополнително, овоможено е плаќањето на сметките кон телекомуникациските оператори, како Македонски телеком, А1, Неотел, Телекабел и сите останати регионални оператори.
Услугата „Плаќање сметки“ во готово на Пошта ја има една од најконкурентните цени на пазарот во однос на цените на домашните банки и изнесува 35 денари по сметка.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

