Македонија
ВМРО-ДПМНЕ победи во 20, а СДСМ во 9 општини во првиот круг, според досега целосно обработените податоци

Oд целосно обработените податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на локалните избори во првиот круг избрани се 32 градоначалници.
Според досега објавените податоци, ВМРО-ДПМНЕ победи во 20 општини, СДСМ во 9, ДУИ во 3.
Засега е извесно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата победи во првиот круг во Бутел со освоени 52,79 отсто од гласовите, Гази Баба и Кисела Вода. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победија и во Штип, Прилеп, Велес, Босилово, Виница, Градско, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Могоила, Негитино, Новаци, Петровец, Свети Николе, Сопиште. ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и во Аеродром и Ѓорче Петров, но засега во овие скопски општини резултатите не се 100 посто обработени.
СДСМ победи во првиот круг во Струмица, Берово, Богданци, Валандово, Делчево, Дојран, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево.
Во општина Арачиново ќе има втор круг каде ќе се судрат кандидатот на ДУИ кој освои 44,23 отсто од гласовите, и на СДСМ и коалицијата, со освоени 39,14 отсто. Втор круг ќе има и во Куманово, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чашка и Чешиново Облешево, Радовиш, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари.
Во Липково победи кандидатот на ДУИ Еркан Арифи, ДУИ победи и во Пласница, Сарај.
Во Центар Жупа победи Ариан Ибраим од ДПТМ, но изленоста е од дозволениот цензус.
За Град Скопје, засега се обработени 92,55 отсто од гласовите. Според нив, Данела Арсовска, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во предност пред Петре Шилегов од СДСМ, со 37,27 отсто, наспроти 34,73 проценти.
(Обновено)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.