Спорт
Манчестер сити воздржани, останатите 18 клубови се обединија против Њукасл
Клубовите од англиската Премиер лига, на итен состанок донеле привремено ја спуштиле рампата на спонзорските договори со компании кои можат да се поврзат со газдите на клубовите. Одлуката ја поддржале 18 клубови, еден бил воздржан (Манчестер сити) и еден бил против (Њукасл).
Оваа одлука е голем удар за Њукасл јунајтед, клуб кој пред две недели доби нови газди. Клубовите сметаат дека планот на газдите на Њукасл бил да венесат пари во клубот, преку нафтените компании од Саудиска Арабија.
Според овие 18 клубови, Њукалс во тој случај би стекнал предност на трансфер пазарот. Манчестер сити се воздржани бидејќи спонзор им е „Етихад“, компанија која е во сопственост на владата во Абу Даби.
Новото правило ќе важи во наредните 30 дена и ќе биде задолжително за сите 20 клубови во Премиер лигата. Според англиските медиуми, многу од 18 клубови, кои ја поддржаа одлуката, сакаат ова донесено правило да стане трајно.
Според правилникот на Премиер лигата, максималниот минус на еден клуб, во период од три години, може да изнесува 105.000.000 фунти.
„Доколку ен го спречевме ова, никој не би можел да го спречи Њукасл да го продаде името на стадионот на компанија од Саудуска Арабија за 100 милиони фунти, а потоа тие пари, во јануари, да ги вложи во трансфери. На тој начин би го заобиколиле финансискиот ферплеј“, изјавил неименуван извор од Премиер лигата за „Скај спорт“.
Њукасл во јануарскиот преоден рок ќе може да потроши на трансфери околу 200.000.000 фунти. Според медиумите, во јануарскиот преоден рок клубот ќе вложи во трансфери околу 60.000.000 фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Линдзи Вон се врати во САД
Американската скијачка Линдзи Вон денес се врати дома во Соединетите Држави, откако помина една недела во болницата во Тревизо. Вон (41), доживеа фрактура на ногата откако падна во олимписката трка во спуст.
„Не сум застанала на нозе повеќе од една недела… Бев имобилизирана во болнички кревет од трката. И иако сè уште не можам да стојам, чувството е прекрасно да се вратам на дома“, објави Вон на социјалната мрежа „X“ со емотикон со американско знаме.
„Голема благодарност до сите во Италија што се грижеа толку добро за мене“, изјави Вон.
41-годишната скијачка имаше најмалку три операции на скршена лева нога во Италија. Претходно беше објавено дека ќе ѝ требаат нови операции во САД.
Вон, девет дена пред почетокот на Зимските олимписки игри ги скина лигаментите во левото колено, на тренингот за спустот во Кран Монтана. И покрај повредата реши да настапи на Игрите во Милано и Коритна.
Спустот го заврши по само 13 секунди, на 8 февруари, по што беше префрлена со хеликоптер во болница. Еден ден подоцна, таа потврди дека претрпела комплексна фрактура на тибијата, за која се потребни повеќе операции за да се поправи соодветно.
Foto/ /depositphotos
Спорт
Винисиус му постави ултиматум на Реал
„Винисиус Жуниор го информираше Реал Мадрид дека сака наскоро да чуе јасен став за нов договор. Доколку не се постигне договор до април, тој ќе размисли за заминување“, објави во вторникот „Ел Насионал“.
Разговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид, околу новиот договор, одамна престанаа. Двете страни не можат да се договорат за платата и таа во моментов е причина за сите проблеми.
Бразилецот бара плата каква што има Килијан Мбапе, односно околу 30 милиони евра, додека „кралскиот клуб“ му нуди околу 20 милиони.
Доколку реши да замине, ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Засега како главен фаворит се издвојува ПСЖ.
Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ пред осум години од Фламенго, за сума од околу 50 милиони евра. Одигра 356 натпревари во дресот на Реал, има учинок од 116 голови и 94 асистенции.
Спорт
Пресврт, Влаховиќ сега сака да остане во Јувентус
Душан Влаховиќ сериозно размислува за продолжување на договорот со Јувентус. Овие информации ги пренесоа неколку италијански медиуми.
По месеци шпекулации за неговото заминување, се чини дека српскиот репрезентативец се уште не донел одлука да го напушти Торино, напротив, сите опции сè уште се разгледуваат, а самиот играч покажал интерес да го продолжи договорот.
„Соработник близок до менаџерот на фудбалерот, открива дека Влаховиќ покажал интерес за продолжување на соработката“, вели италијанскиот новинар Даниеле Лонго, потврдувајќи дека самиот Влаховиќ ја разгледува опцијата за нов договор.
Оваа перспектива го менува претходниот наратив, дека напаѓачот нема намера да остане во Јувентус.
Влаховиќ во моментов с годишна плата од 12 милиони евра е најплатениот играч во клубот и еден од најплатените во Серија А. Јувентус му нуди нов, повеќе годишен договор, со помала плата, што барем досега играчот и неговиот менаџер го одбија.
Foto/ depositphotos

