Македонија
Шилегов: Ги обединуваме сите демократски сили за победа
Во првиот круг од изборите за градоначалник на Скопје учествуваа дури дванаесет кандидати, секој со своја визија за развојот на градот. Драго ми е што со повеќето од нив имавме слични проекти и размислувања како Скопје треба да продолжи да се развива. Верувам дека граѓаните што ги поддржаа нив во првиот круг ја поддржуваат политиката на напредок и развој, која ние веќе четири години ја спроведуваме, со овие зборови ја почна денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
„Од денес почнува процесот на окрупнување на мојата поддршка за градоначалник на Скопје. Подавам рака до сите граѓани, политички партии и организации кои веруваат дека Скопје мора да продолжи да се развива она како што почнавме, дека Скопје мора да остане град каде што граѓаните одлучуваат и дека Скопје не смее да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и неплански развој“, нагласи Шилегов.
Актуелниот градоначалник порача дека само заеднички може да се продолжи почнатото. Со обединување на сите демократски сили, вели Шилегов, Скопје ќе расте во единствена коалиција, со граѓани што ќе учествуваат во одлуките за сите важни проекти преку системот на директна демократија.
„Ова се избори за Скопје и иднината на нашиот град и тоа не смееме да го заборавиме. Ова се избори на кои избирате како Скопје треба да продолжи напред и за тоа во каков град сакаме да живееме. И ништо друго. Сите вие што во првиот круг решивте од кои било причини да не излезете на гласање, ве повикувам на 31 тоа да го направите“, повика градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

