Македонија
Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата на регионот, кажа евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир.
Според Извештајот, како што рече, земјата продолжува да ги исполнува условите за почеток на преговори и е важно што државата одржува постојан чекор за реформите.
„Важен е е еланот во овие реформи, особено во делот на борбата против корупцијата. Извештајот покажува до 96% усогласеност со надворешно-безбедносната политика на Унијата“, изјави Гир.
Според него, во однос на почетокот на преговорите, било потврдено дека одложувањето на преговорите има негативно влијание за кредибилитетот на ЕУ.
„Прашањата меѓу Северна Македонија и Бугарија треба да се решат и се нагласува продолжувањето на имплементациите на договорите со Бугарија и Грција. Комисијата исто така вели дека во согласност со заклучоците ЕК ја чека првата меѓувладина конференција пред крајот на годината“, додаде Гир.
Презентирајќи ги заклучоците од Извештајот потенцира дека иако е постигнат умерен напредок треба да се донесат клучни закони од областа на правосудството, да продолжат напорите за јакнење на Државната комисија за спречување корупција, но и да се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР во областа на изборното законодавство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.