Македонија
Арсовска: Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, од денешниот митинг во Центар истакна дека промените во Центар се извесни, а општина Центар ќе биде пример за тоа како треба да изгледа општина во европска метропола и изрази голема поддршка за Наташа Котлар за која истакна дека е човек што ќе се бори против урбаната мафија и за почиста општина за сите центарци.
„По првиот круг, сонце го огреа Скопје, сонце на промените, кои се извесни во градот, промени на модерното Скопје“, рече Арсовска на митингот вечерва во Центар.
Арсовска упати голема поддршка за професорката Наташа Котлар, им се заблагодари на центарци за досегашната поддршка за поубав град и посочи дека визијата на кандидатката за Скопје, Котлар, која е имуна на корупцијата, е да се бори против урбаната мафија, како и почиста општина за сите граѓани.
„Нашата визија за Центар е тој да биде пример за тоа дека во Скопје можеме да живееме во европска модерна метропола, а токму од Центар ќе почнат промените за следните четири години, разликата од 8.000 гласа во првиот круг е јасна и е предвесник на промените што доаѓаат, за десет дена Центар и Скопје ќе имаат нови градоначалници, кои ќе бидат ветерот на промените“, рече Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

