Спорт
ЛШ: Пике се израмни со Роберто Карлос, Барса со прв гол и прва победа во ЛШ

Барселона, конечно, во третото коло, успеа да го постигне првиот гол во Лигата на шампионите и да ја забележи првата победа триумфирајќи со 1:0 над Динамо Киев, а Ред бул Салцбург се искачи на првото место во својата група Г со 3:1 победа над Волфсбург.
На полупразниот „Камп ноу“, Барселона не импресионира, но дојде во водство во 36. минута од мечот преку капитенот Жерар Пике. Ова беше 16. гол за Пике во Лигата на шампионите, со што се израмни со легендата на Реал Мадрид, Роберто Карлос, како најдобри стрелци што играат на позиција одбранбен играч. Сега трет само останува Серхио Рамос со 15 гола.
До крајот на мечот каталонскиот клуб ја имаше контролата на текот на натпреварот, но без многу шанси, особено во второто полувреме. Победата доаѓа откако во првите две кола Барселона двапати загуби со 3:0, првин дома од Баерн Минхен, па и на гости кај Бенфика.
Во групата Г, Салцбург остана непоразен против бундеслигашот. Тинејџерот Карим Адејеми уште во третата минута го донесе Ред бул во водство, но Волфсбург бргу одговори во 14. минута преку Лукас Нмеча. Човек на одлука беше младиот швајцарски напаѓач Ноа Окафор со два гола во 65. и 77. минута.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 3. КОЛО
ГРУПА Е
Барселона – Динамо Киев 1:0
Бенфика – Баерн Минхен 21 ч
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1466-36886”));
ГРУПА Г
Ред Бул Салцбург – Волфсбург 3:1
Лил – Севилја 21 ч
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1468-36886”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кунде го продолжи договорот со Барселона

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, објави каталонскиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, а во соопштението за медиумите се наведува дека покрај Кунде, на церемонијата за продолжување на договорот присуствувале и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ…
Кунде беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик минатата сезона, бидејќи имаше 53 настапи во сите натпреварувања, постигна и четири гола со осум асистенции.
Французинот е член на Барселона од 2022 година, а пред тоа играше за Севилја и Бордо. Одигра 142 натпревари за каталонскиот клуб и постигна седум гола.
Одигра 42 натпревари за француската репрезентација.
Foto/ EPA
Спорт
Димитревски пред преселба во Леванте

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија ќе остане во Валенсија но ќе го смени клубот. Столе ќе го облече дресот на Леванте, клуб сезонава се врати во Примера.
Столе Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија како слободен играч, требаше да биде прв голман, бидејќи Георги Мамардашвили оствари трансфер во Ливерпул. Сепак клубовите договорија грузискиот голман да остане на позајмица една сезона, поради што Димитриевски бранеше само на неколку натпревари.
Сега кога Мамардашвили замина, Валенсија на позајмица го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао.
По овој потег што го повелекова „лилјаците“ беше јасно дека Димитриевски ќе замине од „Местаља“.
Договорот меѓу голманот и Леванте треба да биде официјализиран во наредните денови.
Foto/ „X“
Спорт
Интер мора да донесе уште двајца играчи

Вице-првакот на Италија е Европа, Интер има намера да засили две позиции до крајот на преодниот рок. На „Џузепе Меаца“ преба да пристигнат играч од средниот ред и стопер, а клубот за оваа намена има буџет од 80 милиони евра, објавија италијанските медиуми.
Кога станува збор за средниот ред, „нераѕурите“ имаа намера да го доведат францускиот фудбалер Ману Коне (24), но Рома не сакаше да отстапи од износот на отштета. Рома инсистираше на сума од 50 милиони евра, па Интер на крајот се откажа од Коне.
Сега, според италијанските медиуми, тие го насочија вниманието кон играчот од средниот ред на Рен, Џауи Сисе (21), чиј договор со францускиот клуб е важечки до јуни 2029 година.
Што се однесува до позицијата стопер, во потесниот список останаа уште двајца играчи, Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севилја. Интер донесе четири играчи ова лето, а полскиот играч од средниот ред Никола Залевски беше продаден на Аталанта.
Најмногу го чинеа играчот од средниот ред на Марсеј, Луис Енрике, и централниот напаѓач на Парма, Анж-Јоан Бони. За овие трансфери клубот издвои по 23 милиони евра, а потоа следува хрватскиот репрезентативец и до неодамна играч на Динамо, Петар Сучиќ. На Динамо му е исплатена отштета од 14 милиони евра.
Фото/ Принтскрин