Македонија
(Видео) Ковачки: Заев по трет пат лаже дека ја примил пораката од народот
Народот три пати му испраќа порака, a Заев три пати вика дека ја разбрал, а продолжува да лаже и да краде, обвини денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Според него, актуелниот премиер треба да си даде оставка и од владата и од функцијата лидер на СДСМ.
„На Зоран Заев на 22 април 2019 година во тек на кампањата за претседателски избори му беше дадена метла што требаше да биде метафора за да направи промени во работењето. Тогаш Заев кажа: ‘Секако ќе има чистки и секако дека ќе расчистиме, граѓаните ни испратија порака дека има незадоволство од централната и локалната власт’“, потсети Ковачки, потоа наведувајќи примери со цел да докаже дека тоа не се случило.
Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ понатаму во обраќањето укажа на настан кој се случил една година подоцна од претходно наведениот.
„На партискиот конгрес Заев повторно со истите лаги кон народот кажа – Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија во нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба против висока корупција и криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани“, објасни Ковачки, по што наведе примери како поткрепа дека и тогаш ништо не се случило.
Како што истакна претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, по третата разбрана порака може да биде само полошо со Заев.
„Тоа не го велат само граѓаните, тоа го велат истакнати членови на СДСМ кои се освестија и кои гледаат дека насоката во којашто ја води Заев државата е погрешна. Залудено Заев бара уште една шанса, тој ги прокоцка сите шанси, а ги прокоцка и нашите пари, дел од нашите животи, ги стави на коцка судбините на сите граѓани само за да ја зачува сопствената власт за да прави криминал“, нагласи Ковачки и порача дека граѓаните веќе избрале промени, проекти и победи и, како што кажа, останува уште еден голем исчекор, на 31 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од неколку скопски општини
Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека утре ( вторник ) се планирани неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Кисела Вода)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Карпош)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц),
прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.(општина Бутел)
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

