Регион
Кон: Немаме кревет за нови пациенти, ковид-пропусниците не се доволни

Епидемиологот Предраг Кон рече дека го поздравува воведувањето ковид-пасоши , но наведе дека тие требало да се воведат порано и дека е незадоволен и тажен затоа што не мисли дека тоа ќе биде доволно и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб уште порано предложил построги мерки.
„Епидемиолошката состојба се разви во практично катастрофална, бидејќи никаде немаме сигурен кревет за нови пациенти, така што тие мора да се отпуштат порано за да се добие простор. Ситуацијата е многу, многу лоша “, рече Кон.
Тој исто така кажа дека очигледно не постои брз начин да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани во Србија за да се добие колективен имунитет.
„Побаравме сè што практично работи да биде затворено во 17 часот – пред сè продавници, трговски центри, кафулиња, а да се отвори само она што е за намирници, лекови и гориво. Исто и забрана за јавни собири над пет лица“, рече Кон.
Зборувајќи за ковид-пропусницата, тој рече дека е неопходно да се заостри контролата и, како што додаде, медицинскиот дел од Кризниот штаб, исто така, побарал да биде јавно објавено кој ги крши мерките.
Тој рече дека сите вработени во угостителските објекти, кои се ангажирани на места каде што се неопходни ковид-пропусници по 22 часот, мора да ги исполнуваат условите за нив.
Според него, вирусот сериозно е во оптек кај децата, така што некои од нив се на респиратор и дека сега легитимно е прашањето дали е време да се размислува за онлајн настава.
„Зависи од податоците, проценката. Податоците од образованието сè уште се такви што покажуваат дека децата биле примарно заразени во семејството, па затоа го носат вирусот на училиште без да го знаат тоа“, рече Кон.
Тој нагласи дека „моторот“ на секоја респираторна епидемија се колективите – училиштето, работата, спортот, веселбите, свадбите, ноќните клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.