Македонија
Средба Џафери-Никола: Позитивно оценет Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и Албанија
За време на Европската конференција на претседатели на парламенти, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, и новоизбраната претседателка на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, остварија протоколарна средба.
Честитајќи и за изборот на функцијата, Џафери изрази надеж дека одличната парламентарна соработка ќе продолжи да се развива и унапредува и во наредниот период. Во продолжение на разговорот, соговорниците разменија информации за актуелните случувања во двете земји, при што, Џафери информираше за процесот на локалните избори, за кои рече дека се спроведуваат според највисоките меѓународни стандарди и изрази уверување дека во иста фер, мирна и демократска атмосфера ќе помине и претстојниот втор круг на 31 октомври.
Двајцата претседатели се осврнаа и го поздравија позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на двете држави за 2021 година, презентиран минатата недела од страна на комесарот за проширување Оливер Вархеји пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.
На крајот на средбата, Џафери упати покана до новоизбраната претседателка Никола да ја посети Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

