Спорт
Елмас и Наполи со прва победа во ЛЕ, Вест хем „гази“
Елиф Елмас беше стартер, а Наполи, конечно, по блескавата домашна форма, стигна до првата европска победа оваа сезона, победувајќи ги Легија Варшава со 3:0, Вест хем продолжи со „газењето“ во Европа, додека Лион направи луд пресврт во Чешка, победувајќи ги Спарта Прага со 4:3 откако губеа со 2:0.
Наполи во првите две кола одиграа 2:2 со Лестер и загубија дома од Спартак Москва со 2:3, така што на „Диего Армандо Марадона“ се очекуваше многу. Одбраната на полскиот тим беше пробиена во 76. минута од Лоренцо Инсиње, пред Нигериецот Виктор Осимен да ја продолжи блескавата голгетерска форма во 82. минута, две минути откако му беше поништен гол. Матео Наполитано во 95. минута ја потврди победата на домаќините.
Вест хем со головите на Досон, Диоп и Боуен стигнаа до 3:0 победа над белгискиот Генк за трета победа во три кола и без примен гол (со 7:0 гол-разлика).
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА А
Ренџерс – Брондби 2:0
Спарта Прага – Лион 3:4
ГРУПА Б
ПСВ Ајндховен – Монако 1:2
Штурм Грац – Реал Сосиедад 0:1
ГРУПА Ц
Наполи – Легија Варшава 3:0
ГРУПА Д
Ајнтрахт Франкфурт – Олимпијакос 3:1
ГРУПА Е
Локомотив Москва – Галатасарај 0:1
ГРУПА Х
Вест хем – Генк 3:0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларни ножички на Роналдо во 96-та минута
Португалецот Кристијано Роналдо повторно го воодушеви фудбалскиот свет.
Капитенот на Ал-Наср постигна можеби еден од најубавите голови откако пристигна во Саудиска Арабија.
Роналдо изведе акробација во судиското продолжение против Ал-Калеја, со што стави точка на убедливата победа (4:1).
Во шестата минута од судиското продолжение, Португалецот постигна гол со ножички, совршено ја фати топката и ја смести во горниот дел од голот на гостите.
Годините се само бројка за Роналдо, а на 40 години е способен да изведе такви акробации.
CRISTIANO RONALDO.
OH MY 🚲🤯
(via @thmanyahsports)pic.twitter.com/jEiK1GjOHd
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2025
Спорт
Италија и без Синер ја одбрани титулата во Дејвис Купот
Најдобрите италијански тенисери ја освоија титулата во Дејвис Купот трет пат по ред.
Тимот предводен од клупата од селекторот Филипо Воландри со тоа стана првиот од 1972 година што освоил три титули во Дејвис Купот. До овој ѕспех Италија стигна без двајцата најдобри тенисери, Јаник Синер и Лоренцо Мусети.
Клучните победи за „аѕурите“ во финалето против Шпанија ги постигнаа во недела, во сингл, Матео Беретини и Флавио Коболи.
Беретини прво го победи Пабло Карењо-Буста во два сета (6:3, 6:4), а Коболи, по голема борба и пресврт, го совлада Хауме Мунар, во сетови 1:6, 7:6 и 7:5.
Натпреварот траеше речиси три часа.
Мунар беше на добар пат да обезбеди долг натпревар во двојки за титулата, но Коболи одигра брилијантно во вториот и третиот сет, го подигна темпото на играта и, воден од неверојатната енергија од трибините на салата во Болоња, го победи Шпанецот.
ITALY WITH THE HAT TRICK 🇮🇹🎩🔥#DavisCup pic.twitter.com/YhOh7OxIdp
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 23, 2025
Колективно, Италијанците го освоија четвртиот пехар, првиот го освоија во 1976 година, се одвоија од Чешка и Германија (по три) на вечната листа и сега ја бркаат Шпанија, која има шест титули во Дејвис купот.
Foo/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Тотенхем, хет-трик на Езе
Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем со 4:1 во дербито на северен Лондон и ја зацврстија водечката позиција на табелата во Премиер лигата.
„Топџиите“, на табелата имаат шест поени повеќе од Челзи и седум од Манчестер Сити.
Против Тотенхем, Арсенал играше како што игра од самиот почеток – како шампион.
Еден од најдобрите натпревари на лидерот во Премиер лигата оваа сезона го одбележа со хет-трик, репрезентативецот на Англија, Еберечи Езе.
Арсенал одигра феноменално прво полувреме, само малку послабо во второто, но доволно добро и авторитетно за градскиот ривал да не му пружи ниту грам надеж дека може да остане непоразен.
Серијата ја отвори Тросар, а Езе погоди во 41-та, 46-та и 76-та минута.
Единствениот гол за гостите, во 55-та минута, во стил на голем мајстор го постигна Ришарлисон. Бразилецот од 40 метри го лобуваше Раја.
Арсенал го доживеа последниот пораз од Ливерпул на 31 август, оттогаш е во страшна серија на резултати на сите фронтови – во 13 натпревари забележа два нерешени резултати и 11 победи.
Foto/ EPA

